Според познавачите, Членот 11 од ЗП е повторно на сила од 2016

Објавил: admin@magazin | 12 април, 2019 9:45

Заев е и Бог и Правда – За него може аболиција, за осудените за 27 април не може

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот премиер Зоран Заев не престанува да пласира небулозни ставови. Во неодмнешна изјава, тој рече дека Претседателот не смее да ги помилува осудените за 27 сприл, но заборава дека и самиот тој е аболициран во 2008 година за криминал тежок 8,5 милиони евра, токму од тогашниот Претседател. По се изгледа дека тој посакува селективна правда и апсолутна моќ врз правосудниот систем, па по потреба „од џеб“ го вади членот 11 од Законот за помилување. Кога нему му одговара е на сила, кога не, пу-пу не важи.

Во 2008 година градоначалник на Струмица, Зоран Заев беше аболициран од страна на Претседателот Бранко Црвенковски. Заев, на 17 јули 2008 година беше осомничен за злоупотреба на службената положба при изградба на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, и беше уапсен заедно со уште петмина соработници.

Но, случајот беше затворен по аболицијата од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, со која Заев и неговите соработници биле пуштени на слобода.

Според Заев, актуелниот Претседател Ѓорге Иванов нема да посегне по аболиција за осудените за 27 април, без Членот 11 од Законот за помилување,  кој е укинат а кој му дава право да помилува.

Јасно е како бел ден. Членот 11 од Законот за помилување не постои, тој е укинат и не може да се делува по него. Постапките се водат преку правда и тие може да стигнат до претседателот на РСМ, но не може да се водат за време на избори. Мандатот на претседателот Иванов е до 12 мај, така што не очекувам никаква аболиција од негова страна.“ – изјави Заев.

Во Кривичниот суд нема пристигнато никакво барање за аболиција. Иванов може да поднесе, а дали е законски или не – тогаш судот и обвинителството ќе се изјаснат, вели првиот човек на Кривичен.

Доколку претседателот донесе законска аболиција, судот е должен да ја почитува, доколку пак е незаконска, тогаш тоа е работа за обвинителството. Ако биде донесена аболиција, судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа.“ – изјави Иван Џолев – претседател на Кривичен суд.

Сепак, интерсен е фактот што поранешната судијка на Уставен, која важи за блиска довласта, Наташа Габер, во 2016 година тврдеше дека со одлука на Уставниот суд, од истата година, членот 11 од Законот за помилување, се враќа на сила.

Исто така, за денешното издание на „Независен“  адвокатот Звонко Давидовиќ, кој е бранител на Душко Лазаров и Александар Василевски-Нинџа,  потврдил дека е поднесено барање за аболиција кај Иванов за овие двајца осудени за 27 април. Во овој случај е заобиколено Министерството за правда, затоа што и Давидовиќ вели дека е во сила членот 11 од Законот за помилување, кој овозможува аболиција како дискрециско право на шефот на државата. Посочува дека во регулативата за помилување од 2016 година е додаден и член 11-а, кој не би можел да постои доколку не е на сила членот 11.

Членот 11-а, всушност, беше додаден по жестоките реакции во јавноста за колективната аболиција за случаите што произлегоа од „бомбите“.

Тогаш беше предвидена можност аболирани лица да поднесат барање до шефот на државата за поништување на одлука за помилување.

Давидовиќ исто така не се согласува дека не смеат да се носат одлуки за помилување во тек на изборна кампања. Такво ограничување, вели, не е предвидено со членот 8 од Изборниот законик, каде што е регулирано какви активности не смеат да преземаат државните органи по распишување на изборите и од стартот на кампањата.

Очекуваме од Иванов да ја искористи својата законска можност и да го направи она за што посебно зборува во последно време, односно да направи чекор против селективна правда и во насока на владеење на правото – вели Давидовиќ за „Независен“ посочувајќи на Законот за амнестија кој предвиде делумна амнестија за настаните на 27 април.

Во однос на евентуална аболициција за поранешниот шеф на БЈБ, Митко Чавков, од здружението „Зелена лупа“ велат дека би имало кнфликт на интереси затоа што за потребите на изборната кампања во 2014 година, Чавков лично донирал финансиски средства за поддршка на тогашниот претседателски кандидат Иванов.

Од претседалскиот кабинет преку молк се држи јавноста во неизвесност. Во меѓувреме, во политичките кругови почнува да се лицитира и со можност за помилување на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство и е азилант во Будимпешта. Се шпекулура дека Груевски наводно веќе поднел барање за аболиција до кабинетот на Иванов, но никој не знае дали евентуалната аболиција за него би била само за случајот „Тенк“, за кој тој е правосилно осуден или и за другите предмети што се во фаза на истрага или е покренато обвинение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход!

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање...

Од аудио бомбата Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

НОВА АУДИО БОМБА: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче даде црвен картон да не работи ништо

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа...