-Со ЗЈО овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази.

Објавил: Мартин Попоски | 23 февруари, 2020 14:20

Заев за “БОМБАТА” на Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ се закопа после пуштањето на снимката

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јас во објавените тонски снимки ја коментирам одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство, вели лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев во врска со денеска објавените снимки од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој во интервју за Прес 24 истакнува дека снимките најверојатно настанеле на некој од состаноците во рамки на преговорите кои се водеа со групата пратениците, кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

-Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе законот за Јавно обвинителство. Тоа се веројатно разговори од состаноците кои се водеа со претставници на партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство, нагласи Заев.

Додава дека неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство и покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд.

-Со ЗЈО овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази. Се зборува дека врховните судии јасно информирале дека ќе ја донесат одлуката што тогаш ја донесоа согласно законот за СЈО каде што е предвидено дека до 30.06.2017 неовластени разговори се докази, а после може да бидат само индиции. Се друго што се слуша во објавеното неовластеното снимање од Милошоски е само аргумент плус преку убедување на соговорниците и потврда, зошто треба да се донесе новиот закон за Јавното обвинителство, додава лидерот на СДСМ. 

Тој уште смета дека ВМРО-ДПМНЕ се закопала со пуштање снимки од разговори од време кога сите знаеле дека предметите на СЈО биле под закана.

– Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен, вели Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во видеото кое го направил Македонецот од Беломорска Македонија Стилианос Самарџиев, се зборува за Македонската голгота

БЕЛОМОРСКА МАКЕДОНИЈА: Секоја вечер полицајците ни доаѓаа под пенџере

Песните кои никогаш не постоеле го насловил филмот македонецот од беломорска Макеодонија...

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. На клиниката починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19.

Од денес 24 часовен карантин за време на викендите во Куманово!

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Ова е само почеток вели Белески, и ги повикува сите добри луѓе да донираат колку што им дозволуваат нивните можности

ВРЕМЕ ЗА СОЛИДАРНОСТ: Белески ги повикува сите кои се во можност да донираат за медицинскиот пероснал!

Со помош на одделни членови на црквата од Триенген во Швајцарија како и спортското...