Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку својот профил на Фејсбук порача дека продолжуваат да го следат неговиот пример.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 февруари, 2020 12:03

Заев за Борис Трајковски: „Блажени се тие што градат мир“- пораката на Трајковски аманет за сите политичари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен пред 16 години животот го загуби Борис Трајковски, тогашниот претседател на државата кој трагично го загуби животот во авионска несреќа во Мостар, БиХ.

Трајковски загина на 26 февруари 2004. Тој беше македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа

По тој повод, денеска поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев на својот профил на Фејсбук напиша дека сите политичари треба да го следат примерот на Борис Трајковски.

„Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот Рамковен договор во 2001.

„Блажени се тие што градат мир…“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик која е аманет за сите политичари.

Претседателот Борис Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.

Ние продолжуваме да го следиме неговиот пример, градејќи мир, едно општество и соработка со сите наши соседи“ напиша Заев на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...

Во видеото кое го направил Македонецот од Беломорска Македонија Стилианос Самарџиев, се зборува за Македонската голгота

БЕЛОМОРСКА МАКЕДОНИЈА: Секоја вечер полицајците ни доаѓаа под пенџере

Песните кои никогаш не постоеле го насловил филмот македонецот од беломорска Макеодонија...