Еден од нив е Охридскиот мировен договор, кој е целосно имплементиран и е модел, кој покажува дека со малцинските прашања најдобро може да се справиме со зајакнување на локалната самоуправа.

Објавил: Перо Милчин | 25 септември, 2021 15:48

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е најдобриот проект во светот што гарантира демократија и слобода и затоа треба да го забрза процесот на донесување одлуки и тоа значи дека малите држави не треба да се третираат на ист начин како и големите држави“, вели претседателот на Владата Зоран Заев во интервјуто за австрискиот весник „Стандард“.

Премиерот Заев пред посетата на претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен на Скопје, вели дека по шеснаесет и пол години чекање, нема веќе што многу да се направи со оглед на тоа што нашата земја беше добар пример во последниве години кога станува збор за однесување на европски начин.

„Сигурно не сме најдобри, но ние сме добрата вест од Западен Балкан. Во моментов, ЕУ размислува за препораките што ќе бидат дадени на Самитот за Западен Балкан на почетокот на октомври, а има држави од ЕУ кои дури и не сакаат Унијата да продолжи да се фокусира на Западен Балкан“, вели премиерот Заев истакнувајќи дека кога станува збор за управувањето со континентот, ЕУ е заинтересирана да нé има таму, бидејќи Кина и Русија, исто така, имаат економски интереси на овој простор, што, како што нагласи Заев, не мора нужно да имаат врска со европските и демократските вредности.

Во интервјуто, премиерот Заев посочи дека Македонија може да даде повеќе примери на решавање на разни спорни прашања, кои ќе ги сподели со останатите Европејци.

Еден од нив е Охридскиот мировен договор, кој е целосно имплементиран и е модел, кој покажува дека со малцинските прашања најдобро може да се справиме со зајакнување на локалната самоуправа.

„Ова е многу корисен модел, не само за Босна и Херцеговина, туку и за земјите од ЕУ кои имаат меѓуетнички проблеми. Тие би можеле да го искористат тоа – станува збор за давање моќ на граѓаните. Кога станува збор за прашања за идентитетот, договорот за името од Преспа со Грција може да биде пример за Европа, додава Заев во интервјуто за австрискиот медиум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата

Османи: ДУИ очекува Заев да продолжи да ја води Владата

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вчера во дебатниот...

Мицкоски истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи не само што го погазил сопствениот збор поради материјални придобивки, туку го погазил и зборот на политичката партија БЕСА која што за разлика од него на денот на гласање пристигна во Собранието на Република Македонија.

Мицкоски: Власта сама себе се бојкотираше, пратеник како во Боливија читаше напишана изјава

Во вчерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на...