Заев додаде дека во овој дел се очекува значително да се подобри и унапреди соработката и на регионално ниво.

Објавил: Перо Милчин | 9 мај, 2021 11:08

Заев за „Катимерини“: Со Грција ја зацврстуваме соработката и на полето на енергетиката

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за грчки „Катимерини“ рече дека на сите средби со премиерот Киријакос Мицотакис, разговараат за поголема економска соработка и дека таа соработка треба да продолжи и да се надгради со вклучување на регионот во политиките на ЕУ за економско закрепнување на земјите од Европа за време и во пост-ковид периодот.

„Заедничките инвестициски проекти се уште една алка за зацврстување на нашето пријателство и на соработката на полето на енергетиката.

Потпишаните Меморандуми за соработка за реализација на проектите: Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи, како и договорот за интерконекторот за гасно поврзување со Грција создаваат можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за земјата, од каде потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот.

Ова е дел и придобивка за остварување на нашето зелено сценарио како најприфатливото за развојот на земјата, кое треба да обезбеди економски и еколошки  придобивки“, подвлече премиерот Заев.

Заев додаде дека во овој дел се очекува значително да се подобри и унапреди соработката и на регионално ниво.

„Со поврзувањето со земјите од Западен Балкан, Македонија ќе стане транзитна рута на природен гас и енергетски хаб на Балканот. Проектите со Грција на планот на гасното поврзување се први од ваков тип во Југоисточна Европа.

Со поврзувањето со Грција, наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други, што значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи, диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна“, истакнува премиерот Заев во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Премиерот Заев посочи дека извесен период Парламентот беше блокиран поради пратеници болни од КОВИД-19, но тоа веќе нема да може да злоупотребува како аргумент бидејќи е во тек ревакцинацијата на пратениците.

Заев за „Коха“: По две децении граѓаните и економијата заслужуваат редовни парламентарни избори

„Во отсуство на суштинска аргументација не треба да има предвремени парламентарни...

На средбата на премиерот Заев му беше соопштена донесената одлука на компанијата „TEXAN & Envipco“ за отворање на фабрика во Северна Македонија за рециклирање на пластика. Оваа американска компанија веќе 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање!

Американската компанија „TEXAN & Envipco“ која работи во Грција донесе одлука да инвестира и во Македонија

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за...

Премиерите на двете земји констатираа напредок во досегашното спроведување на обврските од Договорот од Преспа од двете страни и изразија посветеност за целосна и непречена натамошна имплементација.

Заев – Мицотакис: Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија

Премиерот Зоран Заев денеска оствари работна средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис...