Претседателот на Владата Заев, повика на почитување на правосудните одлуки.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 април, 2021 7:14

Заев за поддршката на протестот за случувањата на 27 април: Алтернативата на оваа Влада се покажа дека се режимски остатоци на Груевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев, на вчерашната седница за пратенички прашања, осврнувајќи се на случувањата на 27 април, оцени дека нивната поддршка или осуда ја прави разликата помеѓу актуелната Влада и поддржувачите!

„Денеска e 28 април, еден ден после 27 април – ден којшто не посакувам никогаш да се повтори, ниту во својата земја, ниту каде било во светот.

Самиот собир на 27 април покажува на остатоците од едно мрачно и режимско време, политички инсталации на Никола Груевски, сè уште се слават обидите за напади на пратеници, новинари и народни избраници – навистина претставува нешто за кое може да се каже дека претставува  „алтернатива“ со оваа власт, којашто во моментот постои“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев, повика на почитување на правосудните одлуки.

„Правниот систем носи одлуки на основа на аргументи и докази, на факти – сè друго е спротивставување на правдата, посебно кога имаме пресуда, а таа е потврдена со правосилна судска одлука“, заклучи премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Премиерот Заев посочи дека извесен период Парламентот беше блокиран поради пратеници болни од КОВИД-19, но тоа веќе нема да може да злоупотребува како аргумент бидејќи е во тек ревакцинацијата на пратениците.

Заев за „Коха“: По две децении граѓаните и економијата заслужуваат редовни парламентарни избори

„Во отсуство на суштинска аргументација не треба да има предвремени парламентарни...

На средбата на премиерот Заев му беше соопштена донесената одлука на компанијата „TEXAN & Envipco“ за отворање на фабрика во Северна Македонија за рециклирање на пластика. Оваа американска компанија веќе 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање!

Американската компанија „TEXAN & Envipco“ која работи во Грција донесе одлука да инвестира и во Македонија

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за...

Премиерите на двете земји констатираа напредок во досегашното спроведување на обврските од Договорот од Преспа од двете страни и изразија посветеност за целосна и непречена натамошна имплементација.

Заев – Мицотакис: Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија

Премиерот Зоран Заев денеска оствари работна средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис...

Заев додаде дека во овој дел се очекува значително да се подобри и унапреди соработката и на регионално ниво.

Заев за „Катимерини“: Со Грција ја зацврстуваме соработката и на полето на енергетиката

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за грчки „Катимерини“ рече дека на сите средби...