Согласно последните макроекономски и фискални движења, додаде претседателот на Владата Заев, се очекува во 2021 година да се врати економскиот раст и да ги надмине шоковите од пандемијата.

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 мај, 2021 11:21

Заев за пописот: Нема договори за бројките, секој да се попише и ќе бидеме толку колку што сме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Обврска на граѓаните е да го прифатат и да учествуваат во  пописот и податоците ќе кажат колку сме“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ канал 5 на прашањето за пописот, и додаде никој не може и не треба да си „прави филмови“ дека толку ќе биле Албанците, толку ќе бидат Македонците или Турците.

„Ќе бидеме толку колку што сме во државата и тоа е најважниот податок. Јас разговарав со првиот потпретседател на владата Артан Груби и му пренесов дека кога ќе оди во Албанија да се сретне со нашиот пратеник Македонец во албанскиот парламент и со другите граѓани што можат да бидат опфатени со  пописот затоа што ние им служиме на сите, како што сум јас премиер на сите, така и првиот потпретседател на Владата е на сите и министерот за надворешни работи Бујар Османи е министер на сите. Разговарав со вицепремиерот и тој се согласи дека оставил таков впечаток и дека ќе го промени тоа и навистина го променија“, рече премиерот Заев.

„Многу е важно да ги гледаме бројките во остварувањето на буџетот и економските параметри споредбено во првиот квартал оваа година со истиот квартал од минатата година кога последиците од пандемијата уште не беа започнати“, истакна премиерот Заев во интервју за ТВ Канал 5, и додаде дека Буџетот е ликвиден, редовно ги сервисира сите потреби и дека наплатата на приходите од почетокот на годината до 22 март е повисока за 3,3% во однос на преткризниот период лани.

„Приходите, заклучно со првото тримесечје, се реализирани со 22,8 проценти, расходите со 22,4 проценти, а капиталните расходи со 16,6 проценти. Макроекономските движења исто така одат во позитивна насока. Во јануари 2021 година извозот на стоки пораснал за 15,4% на годишна основа. Со засилена динамика продолжија позитивните движења во овој сегмент. Увозот на стоки е со раст од 5,3% и придонесе трговскиот дефицит во јануари да се намали за 29%, а трговијата на мало во истиот период забележа раст од 2%“, рече премиерот Заев.

Согласно последните макроекономски и фискални движења, додаде претседателот на Владата Заев, се очекува во 2021 година да се врати економскиот раст и да ги надмине шоковите од пандемијата.

Предвидувањата се дека со закрепнувањето на надворешната побарувачка, што силно влијае на нашиот извоз, како растот на домашната потрошувачка поддржан од антикризните економски мерки да бидат двигатели на економскиот раст, кој е проектиран на 4,1%.

Премиерот Заев нагласи дека трендовите помагаат во креирањето на следни фокусирани мерки, но претходно треба да се деблокираат и мерките од петтиот пакет во Собранието кои, освен што ќе го поддржат бизнисот, ќе ја стимулираат и економската активност преку поддршка на инвестициите и преку зголемување на бројот на вработените. На тој начин, рече Заев ќе се делува кон забрзување на заздравувањето на економијата, а понатаму и кон забрзување на економскиот раст.

Просечната месечна нето-плата во 2020 година, согласно предвидувањата, забележа раст од 7,8%, кој произлегува од мерките преземени пред пандемијата, како што се владината мерка за финансиска поддршка на работодавците коишто извршија зголемување на платата до одреден износ, зголемените плати на вработените во јавниот сектор, како и дополнителното зголемување на платите во образованието и здравството во 2020 година“, рече премиерот Заев во интервју за ТВ канал 5.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Премиерот Заев истакна дека Светскиот ден на животната средина се одбележува со активности кои имаат за цел да поттикнат постојана грижа и акции за чиста и здрава околина и секојдневие.

ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

НАМАЛУВАЊЕТО НА ЗАГАДУВАЊЕТО Е РЕЗУЛТАТ НА ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА НА СИТЕ – ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ...

Нашата држава ја ратификуваше Рамсарската Конвенција за водни или блатни живеалишта од меѓународна важност во 1991 година.

Македонија го номинираше Охридско Езеро и Студенчишко Блато како трето и најголемо Рамсар место во државата

Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светска Рамсар листа, нашата...

Тој објасни дека екипи на Градот Скопје и на ЈСП досега работеа на подготовка на техничката документација за овој систем!

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА СКОПЈЕ: ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИИ, ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНУВА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА БРТ

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА СКОПЈЕ: ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦЕНИИ, ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНУВА ПОСТАПКАТА ЗА...

Колку за споредба, од ситуација кога до 2017 година државата одвојуваше многу помалку за поддршка на иновативни проекти, денеска зборуваме за поддршка за повеќе од 550 проекти. До 2017 година ФИТР поддржуваше само 36 компании.

Заев: Владата преку поддршка на иновативни решенија вложува во развојна економија која нѐ движи напред и нѐ прави конкурентни на светскиот пазар

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се обрати на...