Ние сите би сакале дома да имаме доволно вакцини, нагласи премиерот Заев, но реалните околности се тие што се, ние треба реално да зборуваме.

Објавил: Перо Милчин | 2 април, 2021 20:52

Заев за пописот: Нема договори за бројките, секој да се попише и ќе бидеме толку колку што сме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Обврска на граѓаните е да го прифатат и да учествуваат во  пописот и податоците ќе кажат колку сме“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ канал 5 на прашањето за пописот, и додаде никој не може и не треба да си „прави филмови“ дека толку ќе биле Албанците, толку ќе бидат Македонците или Турците.

Ќе бидеме толку колку што сме во државата и тоа е најважниот податок. Јас разговарав со првиот потпретседател на владата Артан Груби и му пренесов дека кога ќе оди во Албанија да се сретне со нашиот пратеник Македонец во албанскиот парламент и со другите граѓани што можат да бидат опфатени со  пописот затоа што ние им служиме на сите, како што сум јас премиер на сите, така и првиот потпретседател на Владата е на сите и министерот за надворешни работи Бујар Османи е министер на сите. Разговарав со вицепремиерот и тој се согласи дека оставил таков впечаток и дека ќе го промени тоа и навистина го променија“, рече премиерот Заев!

Претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5 вечерва нагласи дека сега е најважно што започна процесот за масовна вакцинација и дека се работи на тоа да се обезбедат сите услови овој процес да не биде прекинат и во таа насока се добредојдени вакцините „Спутник В“ од последната донација од Република Србија.

„Тоа ќе ни помогне да го премостиме периодот до втората половина на април, односно од 10 до 15 април кога ги очекуваме следните количини од КОВАКС механизмот, како и 200-те илјади вакцини од НР Кина од „Синофарм“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во интервјуто за ТВ Канал 5.

Ние сите би сакале дома да имаме доволно вакцини, нагласи премиерот Заев, но реалните околности се тие што се, ние треба реално да зборуваме.

„Јас изразив непријатно чувство, нема дилема околу тоа, но истовремено не смееме да ја преминеме границата и да кажеме дека државата не направила нешто што требало да направи. Државата направи се што требаше да направи. Вклучени се неколку наши земји блиски партнери со кои што разговараме да се вклучат и да ни помогнат. Секако не можеме, а да не го потврдиме исклучителниот чин на солидарност, пријателство, добрососедство, која што Србија го покажа, и ние ќе најдеме начин да им се оддолжиме на граѓаните на оваа наша соседна и пријателска земја“, рече премиерот Заев и најави дека заклучно со мај во земјата ќе има околу 350 илјади вакцини со што ќе се обезбеди континуитетот на имунизацијата на повеќе категории граѓани и да се стави во завршница пандемијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата

Османи: ДУИ очекува Заев да продолжи да ја води Владата

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вчера во дебатниот...

Мицкоски истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи не само што го погазил сопствениот збор поради материјални придобивки, туку го погазил и зборот на политичката партија БЕСА која што за разлика од него на денот на гласање пристигна во Собранието на Република Македонија.

Мицкоски: Власта сама себе се бојкотираше, пратеник како во Боливија читаше напишана изјава

Во вчерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на...