Во тој контекст, претседателот на СДСМ потенцира дека граѓаните сакаат конкретни решенија, мерки и политики кои ги следат нивните потреби, сакаат планови за справување со Ковид, за повисоки плати, за ред и стандарди во државата и зато ана ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно дека довербата од граѓаните се добива само со конкретни мерки и проекти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2020 16:59

Заев за хрватскиот неделник Национал: Македонците избраа концепт кој води напред во Европа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за хрватскиот неделник Национал оцени дека на предвремените парламентарни избори во Република северна Македонија победи демократскиот и европски концепт на СДСМ, концепт кој води напред кон Европа, кон сигурна иднина, кон правда, кон уште поголема слобода на граѓаните, наспроти концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој е автократски, режимски, за враќање назад во изолација, во опасност и неизвесност.

„Граѓаните тоа го препознаа и не дозволија државата да се враќа назад, туку на денот на изборите дадоа правец да продолжиме напред кон нови успеси. ВМРО-ДПМНЕ водеше исклучиво нечиста, црна, негативна кампања базирана на лаги, на конструкции, сеење страв меѓу народот и на теми на кои неколку пати беа поразени во минатото. Тие не објаснуваа што ќе направат за да ги зголемат платите, туку го плашеа народот со лаги дека ќе се федерализирала земјата, нешто за што народот добро знае дека ниту се случи, ниту се случува, ниту ќе се случи. Во нивната кампања видовме фрустрација, а не понуда. СДСМ како и досега, така и на овие избори водеше доминантно позитивна кампања за промоција на досега сработеното, но пред се презентација на решенијата од новата програма преку кои државата продолжува напред и за промоција на нашите кандидати за пратеници кои ќе обезбедат реализација на нашите решенија“, вели Заев, за хрватски Национал и додава дека фејк-њуз политиките на ВМРО-ДПМНЕ доживеаја уште еден пораз.

Во тој контекст, претседателот на СДСМ потенцира дека граѓаните сакаат конкретни решенија, мерки и политики кои ги следат нивните потреби, сакаат планови за справување со Ковид, за повисоки плати, за ред и стандарди во државата и зато ана ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно дека довербата од граѓаните се добива само со конкретни мерки и проекти.

Во однос на идните коалицирања,  Заев во интервјуто за Национал оценува дека СДСМ има убедливо најголем коалициски потенцијал.

„Мандатот за формирање нова Влада е кај СДСМ и коалицијата „Можеме“. Веднаш по празникот Илинден кој е на 2 август, влегуваме во процес на преговори за идно коалицирање и формирање состав на Влада. Со политиките кои ги водиме и со чесниот и одговорен однос, СДСМ има убедливо најголем капацитет за коалицирање, вели Заев за хрватски Национал.

„Мандатот за формирање нова Влада е кај СДСМ и коалицијата „Можеме“. Веднаш по празникот Илинден кој е на 2 август, влегуваме во процес на преговори за идно коалицирање и формирање состав на Влада. Со политиките кои ги водиме и со чесниот и одговорен однос, СДСМ има убедливо најголем капацитет за коалицирање. ВМРО-ДПМНЕ е поразена партија која демонстрира политики кои се спротивни од севкупниот демократски амбиент и од демократскиот правец кон кој неповратно се движи државата. СДСМ е голема, широкограда и отворена партија и ќе разговараме за коалицирање со сите партии кои се подготвени да го прифатат европскиот, демократскиот, слободарскиот, напредниот, концептот и патот што Северна Македонија го оди како земја членка на НАТО. Структурите кои заговараат идеи различни од демократскиот и европскиот концепт, не може да бидат дел од идната владејачка коалиција водена од СДСМ бидејќи таквите конфликтни и ретроградни опции или се поразени или се маргинални“, вели  Заев за хрватскиот неделник Национал.

 

Заев се осврна и на постигнувањата што Репуиблика Северна Македонија ги направи во изминатиов период и оцени дека за само 30 месеци успеавме да реализираме нешто што не се случи цели 30 години, а беше стратешка заложба на граѓаните и на државата.

Членството во НАТО е завршена работа, исто е и со ЕУ, ние започнуваме преговори, влегуваме во процесот и наскоро ги отвораме првите поглавја.

 Заев оцени дека заслугите на хрватскиот премиер Андреа Пленковиќ и на Република Хрватска за нашиот напредок во ЕУ се навистина големи и со поддршката на Република Хрватска, Република Северна Македонија многу побрзо ќе го мине преговарачкиот процес.

Во однос на помошта што Република Северна Македонија ја добива од Европската Унија,  Заев нагласи дека веќе добивме 160 милиони евра првична помош од Унијата за справување со коронавирусот, а со отворањето на поглавјата ќе се отворат и нови инструменти за финансиска помош, тоа ќе бидат сериозни средства со кои ќе ги зајакнеме капацитетите во борбата против коронавирсуот, но и пари со кои ќе донесеме европски стандарди дома.

ZAEV: ‘Makedonci su izabrali koncept koji vodi naprijed u Europu, a odbacili su autokraciju i nove nepravde’

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се чисти каменот и коритото на реката, пешачката патека на кејот, се корнат гранки, треви и грмушки со кои е обраснат овој дел од градот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото и се чисти ѓубрето.

ЧИСТЕЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

Град Скопје деновиве интензивно работи на чистење и уредување на двете страни на кејот...

За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени.

МОН: Ќе обезбедиме настава и за децата коишто немаат уреди за онлајн учење

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат...

Тој посочи дека случаите со екс министерката Гордана Јанкулоска и неговиот поранешен советник се  заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета.

Чулев: Случаите со Јанкулоска и мојот советник се заплашување, сеење страв, и освета!

По вчерашната одлука на Врховниот суд да ја потврди одлуката од Апелација за случајот...