
Живот
Интервју
Премиерот на Република Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев вечерва гостува во МРТ заедно со министерката за финансии, Нина Ангеловска и одговараа на прашања на новинари и уредници на медиуми од земјава.
„Јас се борев со нашиот народ, да притворот не биде казна. Верувам дека притворот е казна. Без разлика за кој се работи. Она каде што не сме задоволни, тоа јавно го коментираме и треба да ветинг да има за политичарите, МВР, судството“, истакна Заев.
Не ја знам основата за одлуката на судот, но останувам конзистентен на политиките на оваа влада и моите политики. Се борев за притворот да не биде казна, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со судовите.
„Верувам во ефикасни судски процеси, се носи одговорност осомниченото или обвинетот лице. Верувам дека притворите од 100, 200, 300 дена станува казна. Принципиелно, она каде што не сме задоволни од судството го коментираме. Мора да има одлука, дали осудителна или обвинителна. Јас до денеска се прашувам како Груевски е ставен по член кој застарува брзо, а другите не се“, рече Заев.
Обвинителката Вилма Рускоска вечерва најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
– Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави вечерва Рускоска.
Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор откако Апелациониот суд донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јанева и и одреди мерка куќен притвор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.