Славјанка Петровска - кандидат за лидер на СДСМ

Објавил: Калина Мартинска | 18 јуни, 2024 18:08

Заев згрешил што си заминал, лошите резултати на изборите влечат корен од 2021 година, велиПетровска

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Пратеничката од СДСМ и една од кандидатите за партиски лидер, Славјанка Петровска, смета дека со оставката на Зоран Заев од лидерската позиција се мислело дека ќе се решат проблемите во партијата.

„Можеби е една од грешките во 2021 година, уште тогаш имавме лош резултат на локалните избори. Се проценуваше дека со оставката или со повлекувањето на Зоран Заев од функцијата лидер и премиер ќе се надминат проблемите. Но, се виде дека погрешна одлука, или недоволна анализа на резултатите доведоа до одредени процеси и затоа денеска во 2024 година резултатите се катастрофални за СДСМ“ – рече Петровска за „Дејли клик“.

Таа додава дека не сака тоа да му се случува на СДСМ.

„Мотивацијата за тоа да се кандидирам за претседател на СДСМ, освен стажот, пред сѐ го црпам од тоа дека сега е времето, особено и заради овој лош резултат меѓутоа и заради сите општествени околности, но и сум подготвена да преземам одговорност да бидам предводник на реформите и предводник на промените кои неминовно мора да се случат“ – порача Петровска.

Инаку, Славјанка Петровска е кандидат за претседател на СДСМ на партиските избори кои ќе се оддржат на 30-ти јуни.

И Славјанка Петровска ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Кои и се против кандидатите на Петровска прочитај следниот линк:

Кандидатите за претседател на СДСМ ги претставија своите програми во Кавадарци

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.