Премиерот Заев истакна дека во последните три години интензивно се инвестира во гасификација на земјата, се планираат фотоволтаични централи на приватно и државно земјиште.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 февруари, 2021 14:45

Заев: Инвестираме во современи еколошки проекти за енергетска трансформација на РЕК Битола

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Користењето на обновливите извори на енергија и замена на јагленот со гас е еден од нашите најважни стратешки интереси. Во таа насока развивме сериозен енергетски стратешки план и една од точките на „Акција 21“, покрај животната средина е и енергетиката“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција на тема енергетска транзиција со фокус на најголемиот енергетски капацитет во земјава, РЕК Битола.

Премиерот Заев заедно со Васко Ковачевски, претседател на Управен одбор и генерален директор на Електрани на Македонија – ЕСМ и Златко Ќурчиевски, директор на Рударско-енергетскиот комбинат – РЕК Битола ги истакнаа заложбите за имплементирање на зеленото сценарио како најприфатливото за развојот на земјата, кое треба да обезбеди економски и еколошки бенефит.

Премиерот Заев истакна дека во последните три години интензивно се инвестира во гасификација на земјата, се планираат фотоволтаични централи на приватно и државно земјиште.

Посочи дека целта е во наредните пет години да се влезе во инвестициски циклус кој ќе обезбеди земјата да биде позелена, но и порационална и поефикасна во енергетскиот сектор.

„Поконкретно, плановите се до 2026 година да биде заменет првиот блок од најголемиот енергетски капацитет во земјава, РЕК Битола кој работи на јаглен, со фото напонска електрана. До 2024 година РЕК Битола ќе го исклучи првиот блок кој работи на јаглен за да го замени со ко-генеративна гасна електрана со моќност од 250 мегавати за производство на електрична енергија и за топлификација на Битола.

Другите два блока ќе се модернизираат и тоа до 2023 година со темелна реконструкција на електростатските филтри, а до 2026 година  со целосна десулфуризација и декарбонизација со што ќе им се продолжи векот на траење, но и ќе се подобри еколошката прифатливост и ќе се задоволат европските стандарди. Со цел да се обезбеди стабилноста на електроенергетскиот систем, целиот процес оди постепено“, изјави Заев и додаде дека целта е да ја направиме државата една од оние европски земји кои од доминантно застапените фосилни енергенси, се пренасочија кон енергетски капацитети кои ќе го користат сонцето, ветерот, водата и природниот гас.

 Ковачевски истакна дека производството на електрична енергија со што помала емисија на гасови е долгорочната цел. Додаде дека енергетската трансформација е веќе почната, со пример кој веќе е познат и во регионални, но и во европски рамки, а тоа е проектот РЕК Осломеј и неговата трансформација од капацитет кој произведува јаглен во капацитет кој ќе произведува електрична енергија од сонце.

„Изградбата на трите фотонапонски електрани таму веќе е почната. Дополнително, фотонапонски електрани ќе се градат во близина или во круговите и на сите други наши производни капацитети.  Во однос на другите извори го шириме производството од ветер. Се проширува ветерниот парк Богданци, а зацртан е и новиот проект на ветерен парк-Миравци. РЕК Битола како најголем производител на електрична енергија, исто така ќе претрпи трансформација во однос на основното погонско гориво за производство, а тоа е јагленот. Тоа е еден процес кој ќе оди паралелно со ширење на нашето портфолио со обновливи извори, од сонце и ветер и со изградбата на капиталниот проект хидроелектраната Чебрен. Сите тие работи мора да се изведуваат паралелно и во ускладени фази и рокови за да може замената на еден извор на електрична енергија со друг почист и поприфатлив, да биде без загрозување на енергетската стабилност на државата“, изјави Ковачевски и додаде дека проектите за РЕК Битола се во правец на тоа во следните неколку години да се изгради когенеративна гасна електрана од 250 мега вати во рамките на комбинатот, која ќе произведува и електрична енергија, и топлинска енергија за системот за топлификација на Битола, Могила и Новаци.

Директорот на РЕК Битола Ќурчиевски истакна дека комбинатот одбележува 40 години од почетокот со работа и вклучувањето на Блок 1 во електроенергетскиот систем на земјата и од тогаш до сега ваков обем на набавка на механизација не се случил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...