среда, 10 август 2022

MK/ EN/ DE



Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.

Објавил: Мате Парлоф | 13 јуни, 2022 18:47

Заев испратил 20 тони помош за Украина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Преку Фондацијата “Заев – Едно општество за сите” испративме 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, објави на својот ФБ профил поранешниот премиер Зоран Заев.

Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.

Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи.

Нека биде оваа помош придонес кон заштитата на украинското население кое е под воената агресија од страна на Русија.

Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија е наша јасна позиција како припадници на западниот, демократски и мирољубив свет, објави Заев на ФБ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.