Истиот опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 киловолтни далеководи. Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите армирано бетонски столбови стари и до 66 години.

Објавил: Перо Милчин | 6 март, 2021 18:40

Заев и Бочварски на изградбата на далекуводот Штип-Овче Поле: За просперитетна економија инвестираме во енергетската инфраструктура дома и се поврзуваме со регионот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле, е само дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на електро-преносната мрежа на Република Македонија.

Истиот опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 киловолтни далеководи. Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите армирано бетонски столбови стари и до 66 години.

Се вложува со над 15 милиони евра за изградба на над 130 километри нови далеководи“, истакна премиерот Зоран Заев кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани и претставникот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Анди Аранитаси, го означија почетокот на нова значајна инвестиција на МЕПСО и уште позначајна инвестиција за регионот.

Премиерот Заев рече дека ова е уште една потврда за посветеноста во реализација на ветените развојни проекти и заложбите за инвестиции во енергетската инфраструктура кои на долг рок значат подобрување на животниот стандард.

Со реализација на предвиденото, ја јакнеме преносната мрежа и создаваме погоден инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори кои можат и знаат како да ги искористат економските потенцијали во нашата земја. Оваа инвестиција, ќе донесе бројни придобивки како за населението, така и за реалниот сектор. Новата и модернизирана преносна мрежа значи инвестиција во подобро утре и олеснување на животот и работата на населението. Дополнително, во целата наша земја се одвиваат активности за реализација на големи капитални проекти. Во тек е проектот за реконструкција на трансформаторската станица Битола 2 која е дел од најважниот енергетски прстен во земјава. Оваа трансформаторска станица е почетната точка и на интерконективниот далекувод Битола – Елбасан преку кој Северна Македонија енергетски се поврзува со соседна Албанија на 400 киловолтно напонско ниво. Воедно, со изградбата на новата 400 киловолтна трансформаторска станица кај Охрид ќе се обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија на Охридскиот регион. Реализацијата на проектот е од огромно значење за нашата земја, бидејќи со него ќе се стави во функција коридорот за пренос на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија, до Италија. Регионалното поврзување на електро-преносните системи е долгорочен стратешки интерес за секоја држава. Врските со соседите значат електроенергетска стабилност што е основа за секоја просперитетна економија“, изјави Заев и упати честитки за посветената работата на градежниците, на компаниите изведувачи, надзорниот орган како и на континуираната поддршка на Европската Банка за Обнова и Развој за реализација на овие проекти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Министерот Бочварски и директорот Рустеми го посетија и контролниот центар за електронска наплата на патарина – Петровец каде се разговараше за модернизација на патарините и на Коридор 8!

Бочварски: Интензивно ја градиме третата лента на автопатската делница Катланово-Петровец

Третата лента на автопатската делница Петровец – Катланово се гради со силен интензитет....

Зголемен број корисници на јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните бидејќи брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава.

ГРАД СКОПЈЕ НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ – БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски...

Вицепремиерот Николовски истакна дека изградбата на експресниот пат Ранковце-Деве Баир и проширувањето со трета лента на патот Крива Паланка-Деве Баир е од огромно значење за регионот.

Николовски: Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на...