Овој чин ги зацврстува и им дава светла перспектива на односите меѓу Србија и Македонија кои, бездруго, се традиционално пријателски.

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 февруари, 2021 12:53

Заев и Вучиќ: Ова е чин на драгоцено пријателство и подадена рака и со овие вакцини се означува почетокот на имунизацијата од КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска на граничниот премин Табановце-Прешево го пречека претседателот на Република Србија Александар Вучиќ кој во нашата земја ја донесе пратката вакцини што оваа наша соседна земја ја издвои на Македонија.

На церемонијата на примопредавањето, на која учествуваа и првиот  вицепремиер во Владата Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, и министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар премиерот Заев и претседателот Вучиќ одржаа прес-конференција по повод овој чин на драгоцено пријателство, како што го оцени Заев, со кој Република Србија и српскиот народ солидарно споделува дел од своите вакцини со народот на Македонија.

Пакетот од 4.680 од вкупно 8.000, е израз на  пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека да стигнат вакцините што Владата на Северна Македонија ги обезбеди преку механизмот КОВАКС и преку директните контакти од производителите „Фајзер“ од Соединетите Американски Држави и од „Синофарм“ од Народна Република Кина.

2020 година беше една од најтешките години во поновата историја на човештвото. Ништо не е завршено и во оваа година, и останува и понатаму да бидеме крајно внимателни. Но, оваа планетарна криза го извади најдоброто од човештвото – соработката, пријателството и солидарноста. Како никогаш до сега пандемијата покажа дека сме поврзани и со најдобрите вредности и дека тие никогаш понатаму не треба да бидат заборавени. Да ги негуваме засекогаш и за сите заеднички идни предизвици“, истакна премиерот Заев на прес-конференцијата на Табановце.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска на граничниот премин Табановце-Прешево го пречека претседателот на Република Србија Александар Вучиќ кој во нашата земја ја донесе пратката вакцини што оваа наша соседна земја ја издвои на Македонија.

Премиерот Заев додаде дека оваа средба и овој настан се резултат токму на пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите и државите и резултат на разбирањето за ситуацијата во која се најдовме сите ние во светот.

Оваа солидарност и поддршка е израз и на традицијата во регионот која е повторно на сцена – првата рака на помош да се подаде кон најблискиот сосед, кон комшијата. Овој чин ги зацврстува и им дава светла перспектива на односите меѓу Србија и Северна Македонија кои, бездруго, се традиционално пријателски“, рече Заев во своето обраќање.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му го предаде на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ги донира на таа земја.

Претседателот на Владата Заев нагласи дека вакцините од Србија ќе влезат во Националниот оперативен план за вакцинација што Министерството за здравство го објави пред јавноста и кој постојано ќе се ажурира согласно динамиката на пристигнување на останатите договорени вакцини во земјата, типот на вакцината и спецификите на секоја одделна вакцина.

Заев дополни дека се утврдени приоритетните групи за вакцинирање, а почна и доброволното пријавувањето на граѓаните со што во полна функција го ставаме целиот процес на имунизација на населението со вакцини кои штитат од КОВИД-19.

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ во своето обраќање истакна дека завршените стриктни процедури за дозвола за ова отстапување на дел од вакцините од компанијата „Фајзер“ во голема мерка ќе ја олесни постапката и за вториот дел вакцини што Србија ги определи за Северна Македонија, и дека тој, Владата на Србија и српскиот народ се среќни што помогнаа да започне имунизацијата на граѓаните во Македонија.


Заев: Како израз на драгоцен чин на пријателство, Република Србија и српскиот народ денеска солидарно споделија дел од своите вакцини со народот на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска на граничниот премин Табановце-Прешево го пречека претседателот на Република Србија Александар Вучиќ кој во нашата земја ја донесе пратката вакцини.

На церемонијата на примопредавањето, на која учествуваа и првиот  вицепремиер во Владата Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, и министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар, премиерот Заев и претседателот Вучиќ одржаа прес конференција.
Обраќањето на премиерот Заев на оваа прес-конференција ви го пренесуваме во целост:

Како израз на драгоцен чин на пријателство, Република Србија и српскиот народ денеска солидарно споделува дел од своите вакцини со народот на Северна Македонија.

Пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, е израз на  пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека да стигнат вакцините што Владата на Северна Македонија ги обезбеди преку механизмот КОВАКС и преку директните контакти од производителите „Фајзер “од Соединетите Американски Држави и од „Синофарм “од Народна Република Кина.

2020 година беше една од најтешките години во поновата историја на човештвото. Ништо не е завршено и во оваа година, и останува и понатаму да бидеме крајно внимателни. Но, оваа планетарна криза го извади најдоброто од човештвото – соработката, пријателството и солидарноста. Како никогаш до сега пандемијата покажа дека сме поврзани и со најдобрите вредности и дека тие никогаш понатаму не треба да бидат заборавени.

Да ги негуваме засекогаш и за сите заеднички идни предизвици.

Нашата денешна средба и овој настан е резултат токму на пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите и државите. Резултат на разбирањето за ситуацијата во која се најдовме сите ние во светот. Истовремено, оваа солидарност и поддршка е израз и на традицијата во регионот која е повторно на сцена – првата рака на помош да се подаде кон најблискиот сосед, кон комшијата.

Овој чин ги зацврстува и им дава светла перспектива на односите меѓу Србија и Македонија кои, бездруго, се традиционално пријателски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...