Од ВМРО велат дека тоа не е единствен пример каде Зоран Заев ги загрозува односите на Македонија со други држави.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2019 18:21

“Заев и донесе меѓународен срам на Република Македонија”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Заев и донесе меѓународен срам на Република Македонија. Тој со неговиот криминоген и расипнички карактер ги урна угледот и достоинството на државата,стои во соопштението на ВМРО.

Разговорите со лажниот Порошенко покажаа дека Заев без воопшто да размислува веднаш се впушта во криминални дејствија. Очигледно дека тој  првото нешто на кое помислува е мито па затоа нема проблем да понуди поткуп било тоа да се работи на  македонски бизнисмени, или пак на Вселенскиот Патријарх.Дека Заев е опкружен со криминал ни откриваат и пораките кои самиот тој ги пуштал до комичарите, каде се гледа дека во владиниот кабинет одржувал средби со меѓународен криминалец обвинет за нелегално финансирање на политички изборни кампањи, перење на пари и  поткуп за пропаганда со лажни вести,  но и инволвиран во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија,стои во соопштението на ВМРО.

Од опозициската партија ВМРО, велат дека разговорите исто така ни откриваат дека Заев ги потценува граѓаните и гласачите во Република Македонија

Од ВМРО велат дека тоа не е единствен пример каде Зоран Заев ги загрозува односите на Македонија со други држави.

Слушнавме како ги загрозува пријателските односи со соседите и како го озборува и исмејува како на селска чешма актуелниот  претседател на Украина, Владимир Зеленски нарекувајќи го популист, а со комичарите се согласува и дека е платеник на Русија.Воедно тој без проблем и без размислување издава  стратешки тајни за Република Македонија и регионот, но и телефонски броеви од странски државници и кој знае уште какви важни информации има споделено во тие година дена колку што траеле разговорите со лажниот Порошенко,велат од ВМРО.

Од опозициската ВМРО велат дека разговорите исто така ни откриваат дека Заев ги потценува граѓаните и гласачите во Република Македонија. Во еден од тие разговори тој веднаш се согласува со сталинистичката изрека дека  не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите, што доволно ни кажува како ги организираше изборите и референдумот во државава и зошто обвинителството не реагираше за изборните нерегуларности.

Одговорност за сето ова мора да има. Не само што постојат индиции за криминал и прекршоци за кои обвинителството мора да реагира, туку изнесени се и сериозни информации и сторени се дипломатски и меѓународни скандали со кои нанесена е огромна штета на Македонија.Секој изминат ден со Зоран Заев и неговиот неспособен тим значи поголем срам за Република Македонија во меѓународни рамки. Зоран Заев што побрзо мора да си замине, за да може што побрзо да се поправи штетата која секојдневно им ја нанесува на граѓаните и на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

На новите маички кои се голем хит во Грција, стои Сонцето од Кутлеш пред и по Заевото брусење на капаците од шахтите.

Грците се пошегуваа на наша сметка: Носат маички со изгребаното Сонце од Кутлеш

Откако пред четири дена Владата донесе наредба за отстранување на сонцето од Кутлеш...

Како што беше објавено наводно во телефонот на Боки биле пронајдени и експлицитни фотографии од нивното интимно дружење. Порталот објави дека фотографиите сега се во рацете на истражните органи во Скопје, кои утврдуваат дали врската на водителот и српскиот политичар има врска со аферата Рекет.

Пронајдени СМС пораки, експлицитни фотографии и две видеа кои докажуваат дека Боки бил во врска со српски политичар?

Откако завчера српски Телеграф излезе со насловна страна на која стоеше дека Боки...

Како што објави српски Курир, наводно  Боки нагласил дека ако тоа не го направат во рок од три дена, ќе изнесе во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето, односно вмешаноста во случајот Рекет за кој тој е првоосомничен и во моментот се наоѓа во затворот во Шутка.

Боки 13 бара преместување на психијатрија, се заканил со докази против Заев

Првоосомничениот за случајот Рекет Бојан Јовановски испратил порака до државниот...