
Свет
Балкан
Премиерот на Македонија Зоран Заев ја заврши работната агенда од Самитот на Западен Балкан во Виена со билатерална средба со црногорскиот премиер Кривокапиќ.
Двајцата премиери ги потенцираа извонредното пријателство меѓу двете земји и подготвеноста за безрезервна меѓусебна поддршка на сите полиња кои се од интерес на народите во Црна Гора и Македонија.
Заев и Кривокапиќ изразија заложби за искористување на сите можности за интензивирање на економската соработка и за олеснување на регионалната мобилност на граѓаните, услугите и стоките.
На средбата се разговараше и за меѓусебно искористување на искуствата во секторските области од работата на Владите и институциите со цел обезбедување најбрзи и најефикасни услуги за граѓаните.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.