На средбата беше договорена посета на премиерот Заев на Софија, која е предвидена да се случи оваа недела.

Објавил: Перо Милчин | 15 јуни, 2021 7:43

Заев и Радев разговараа за перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на Република Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, како и министерот за одбрана на Република Бугарија, Ѓеорги Панајотов во фокусот на разговорот беше перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на Република Македонија.

Претседателот на Република Бугарија Румен Радев ја подвлече принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Република Македонија во ЕУ, како и очекувањето на Бугарија за непосреден и активен политички дијалог низ кои ќе бидат разрешени отворените прашања во меѓусебните односи.

И Румен Радев и Зоран Заев го истакнаа позитивниот знак во односите меѓу двете земји, што шефовите на државите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија го постигнаа со нивната заедничка посета во мај на Рим и Ватикан, за да им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј.

На средбата е истакната и заедничката волја за постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, за исполнување на очекувањата на граѓаните во двете земји.

Билатералното партнерство во областа на безбедноста и одбраната, и можноста за проширување на соработката во областа на воената обука и размената на кадети меѓу двете земји, беше исто така дел од темите за кои во Брисел разговараа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

На средбата беше договорена посета на премиерот Заев на Софија, која е предвидена да се случи оваа недела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со прогласување на кризната состојба државата ке може да ги искористи и приватните субјекти и нивните капацитети за справување со алрамантната ситуација со пожарите во земјава

Управувачкиот комитет побара кризна состојба во следните 30 дена

Безбедносните институции во земјава поради ситуацијата со пожарите сепак  предлагаат...

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република...

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата...