На маргините на Самитот двајцата шефови на влади го потпишаа Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Македонија.

Објавил: Сара Фемина | 10 јуни, 2021 19:22

Заев и Рама потпишаа договор за заеднички гранични и царински контроли: На патот кон ЕУ остваруваме европски вредности за граѓаните од двете земји

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска во Тирана учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан чиј домаќин беше премиерот на Албанија, Еди Рама.

На маргините на Самитот двајцата шефови на влади го потпишаа Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Македонија.

Во изјавата за медиумите премиерот Заев истакна дека Договорот е уште еден чекор во градењето на одличните односи помеѓу Северна Македонија и Албанија кои како добри пријатели и соседи го имаат како приоритет олеснувањето на меѓуграничниот проток во интерес на граѓаните и на деловните заедници на двете земји.

Навистина е задоволството кога двајца многу добри пријатели коишто водат извршна власт на две одлични земји по своето пријателство ќе направат чекор кон збогатување и усовршување на тоа пријателство. Со потпишувањето на денешниот договор завршуваме еден сериозен процес на којшто работеа нашите Влади за да го отвориме „one stop shop“ терминалот каде што нашите граѓани ќе го преполоват своето чекање во делот на поминувањето на нашите граници, но пред сѐ и над сѐ, ќе се создадат услови за остварување на четирите европски слободи за слободен проток на стока, луѓе, капитал на услуги“, рече премиерот Заев во своето обраќање по потпишувањето на договорот.

Во таа насока воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности и значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за контрола.

„Јас верувам дека колку повеќе ги усовршуваме административните капацитети и ја пренесеме довербата комплетно на институциите едни помеѓу други, како што впрочем и тоа постои, само со завршување на административните процедури ќе овозможиме да расте нашата трговија, нашата соработка, да се унапреди дополнително пријателството меѓу двата народи и да продолжиме заедно да држиме така да кажам европски лекции затоа што нас нé врзува сегашноста нé врзува и иднината“, нагласи Заев.

Претседателот на Владата Заев уште додаде дека двете земји како членки на НАТО, партнери, меѓусебно се помагаат и заедно се исправени пред предизвикот на следниот чекор на нашите процеси кон европските интеграции.

Убедени сме дека секојдневно даваме само повеќе аргументи на европските пријатели за да донесат конечно позитивна одлука. Друг пат за нас нема, тоа е патот кон ЕУ затоа што нашите граѓани ги сакаат европските вредности да ги живеат овде, во Албанија, во Тирана, во Северна Македонија, во Скопје. Ќе продолжиме на тој начин да работиме сé со конечна цел да оствариме што е можно поголема благосостојба, поголем економски просперитет и поголема среќа за Албанците, за македонскиот народ и сите етнички заедници кои што живеат во Северна Македонија. Драго ми е што денес, после овој Самит навистина можеме да завршиме една ваква посета со ваков договор и да испратам порака до нашите граѓани, до стопанствениците да ги користат придобивките од заедничките гранични и царински контроли, да ги мотивира да прават уште поголема трговија и соработка затоа што само така и животот ќе ни биде подобар и посреќен на сите“, рече премиерот Заев.

Премиерот на Република Албанија, Еди Рама од своја страна потенцираше дека овој договор значително ќе го олесни движењето меѓу граѓаните на двете држави.

„Сакам и јавно да му се заблагодарам од сè срце на Премиерот за неговиот енергичен пристап до крај и за неговата непоколеблива волја да го придвижи овој процес напред, како на билатерален аспект, така и на регионално ниво, и секако ја користам оваа прилика да му се заблагодарам за неговото доаѓање и присуство овде заедно со целиот свој тим“, рече премиерот Рама на церемонијата по повод потпишувањето на Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Грчката верзија на „зелен сертификат“ за патување на островите, со исклучок на Лефкада и Евија е во сила во Грција од петокот. Патниците мора да имаат потврда за вакцинација, негативен ПЦР резултат на или документ за прележан Ковид-19.

Олеснување на рестриктивните мерки на Балканот

Мерките против коронавирусот на Балканот постепено почнаа да се укинуваат или олеснуваат. Турција,...

Во видео обраќање, објавено на официјалната веб-страница на Брегу, таа презентираше аргументи во корист на формирање на заеднички регионален пазар, нагласувајќи дека пазарот на 18 милиони луѓе е многу привлечен на ЕУ и глобалната сцена.

ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ИМА 1,4 МИЛИОНИ НЕВРАБОТЕНИ

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу рече дека...

Прелиминарните податоци на Агенцијата за статистика на БиХ покажуваат дека во првата половина на минатата година, БиХ забележа пад на БДП од 3,7 проценти во споредба со истиот период во 2019 година, според оваа Информацијата за движењето на макроекономските показатели за јануари-октомври 2020 подготвена од Дирекцијата за економско планирање (ДЕП).

ЕКОНОМИЈАТА НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА НА ДНОТО: Падна увозот и извозот, но и прилив на пари од странство

Ескалацијата на пандемијата на вирусот корона во првата половина на минатата година...

Во секоја земја на Европската унија, по таков политички гаф, ќе следеше оставка или негова смена

Скандал ја тресе Хрватска! првиот човек на Институтот за јавно здравје седи на картон со Вакцини

Хрватскиот  биолог и научник  Иван Џикиќ денес изјави дека бил шокиран кога видел...