Огромниот пад на гласовите во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Велес и Кочани се сериозен проблем за СДСМ

Објавил: Данаил Михајловски | 6 мај, 2019 15:24

Заев и СДСМ по победата се како насмевка со многу кариес и парадентоза, кои тешко се чистат со метла

Фото/Текст извор: ©магазин

Победата на Пендаровски за претседател на државата за него е личен успех, но за СДСМ е пирова победа. СДСМ доживеа огромен пад на гласовите во Битола, Скопје, Прилеп, Штип, Кочани, Велес, Гевгелија, Дебрца, Виница, Кратово, Вевчани, Неготино, Кавадарци и уште 30-тина други општини. Со ваков број на гласови СДСМ нема да има причина за прослава на некои следни парламентарни или локални избори. Веројатно затоа Заев најавува дека ќе прави “чистка со метла“ на некои функционери, но дали тоа ќе го подобри животот на граѓаните, останува да видиме.

Насмевката на Зоран Заев на прес конференцијата на која Пендаровски ја прогласи претседателската победа, е нешто како насмевка на навидум бисерни заби, меѓу кои се крие многу кариес и парадентоза која не се гледа, но го зафатила и непцето и забната коска. Кариесот, симболично кажано, се резултатите во многу градови и села во кои до само пред две години СДСМ направи убедливи победнички резултати, а сега беше поразена, и покрај подршката од ДУИ, Амди Бајрам, НСДП, ДПА и Љубчо Георегиевски. Резултатите во Битола и општина Аеродром се многу добар показател за вртоглавиот пад на популарноста на СДСМ. 

Градоначалничката на СДСМ од Битола, Наташа Петровска, во 2017 година победи во првиот круг на локалните избори, освојувајќи ја довербата на 31.337 битолчани. Притоа во тој резултат не се пресметани гласовите на ДПА, на Амди Бајрам и на Демократската партија на Турците, кои тогаш беа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а сега се коалициони партнери на премиерот Заев, заедно со ДУИ, ВМРО-НП, ДОМ и НСДП. Падот на довербата кај 10.000 битолчани за СДСМ треба да биде повеќе од загрижувачки.
  • Битола 2017 (локални избори), резултат на СДСМ во коалиција со ДУИ, Љубчо, ЛДП, НСДП, ДП, ДОМ (без Амди и ДПА): 31.337 гласови

  • Битола 2019 (претседателски), СДСМ заедно со ДУИ, ДПА, Љубчо, Амди, БЕСА, Алтернатива, ЛДП, НСДП, ДОМ, Милетиќ: 21.327 гласови

  • Аеродром 2017, резултати на СДСМ и коалицијата: 22.560 гласови

  • Аеродром 2019, резултати на СДСМ и 31 партија: 15.919 гласови

Во Битола на СДСМ и коалицијата составена од 31 политичка партија им недостигаат цели 10.000 гласа во споредба со локалните избори од 2017, што е јасна индикација за незадоволството од власта на централно и на локално ниво. Ова е уште позагрижувачки за премиерот Заев доколку се има во предвид дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, е токму од Битола и благодарение на него голем дел од активистите на владеачката партија добија одговорни и битни позиции на општинско и на владино ниво. Дополнително, локалните избори во 2017-та покажаа дека во Битола партиите како ДУИ, Алијанса, ДПА, Беса, Амди Бајрам и Неџдет Мустафа заедно, имаат нивни 3.000 гласа, што значи дека владеачката СДСМ денес во градот на конзулите “тежи“ околу 18.000 гласа. За град како Битола тој број на гласови доволен само за високото второ место. Затоа денес на Широк Сокак се поставува прашањето дали и генералниот секретар Александар Кирацовски, прилично моќен и партиски влијателен во СДСМ, ќе биде зафатен од операцијата “Метла“ на Зоран Заев.

Слично е и во една од поголемите скопски општини, Аеродром. Во 2017 година градоначалникот Златко Марин победи уште во првиот круг со освоени 22.560 гласа. На овие избори се покажа дека за само две години владеачката коалиција ја изгубила довербата на 6-7.000 граѓани на Аеродром, за што веројатно своја заслуга има и начинот на работа на градоначалникот Марин и на неговата десна рака, Ивана Цветковска, функционер на СДСМ и претседател на Советот на општина Аеродром. Многу жители на Аеродром и преку медиумите и преку социјалните мрежи укажуваа дека се разочарани од тоа што ветија и тоа што го остваруваат Марин и Ивана, но партиската централа на СДСМ досега изгледа не успе да ги слушне тие граѓани. Дали резултатот од претседателските избори ќе биде доволна причина Заев да го исчисти ваквиот “партиски кариес“ во своите редови, ќе дознаеме наскоро. Како и да биде, СДСМ може да биде задоволна и да прослави за Стево Пендаровски, но нема големи причини за задоволство и насмевки по однос на Битола, Аеродром, Кочани, Гази баба, Кисела Вода, Прилеп, Гевгелија, Велес и десетина други општини во кои драматично опаднала довербата во владините и локалните политики на актуелната владеачка партија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

СДСМ се залага за една изборна единица, но е тивка. ДУИ сака да останат шесте изборни единци, додека БЕСА инсистира на три изборни единици.

Изборниот модел тешко да се смени, секоја партија си има различен став

Во својата изборна програма СДСМ запиша дека се залага за изборен модел каде цела Македонија...

Никола Димитров признава дека “Рекет“ е криминал, но не објаснува зошто за истото не им укажал на Шеќеринска и Сугаревски

Димитров немал средба со Боки 13, но зошто не ги предупредил Шеќеринска и Заев?

Вчера во ФБ статус министерот за надворешни работи Димитров порача дека кај него има...

Зоки Кичеец извесен период работи и во Царинската управа, каде неговиот кум Влатко Мијалков имаше позиција на советник, но всушност беше шеф во сенка, што му задаваше главоболки на тогашниот директор Ванчо Каргов.

ПРЕД АФЕРАТА “РЕКЕТ”: Зоки Кичеец и неговиот татко купиле куќа и станови во Скопје и Охрид!

Второосомничениот во истрагата што се води за изнуда, трговија со влијание и перење...