Што стори Јовче Ременски, кој освен што е сопруг на Фросина Ременски, е и началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија?

Објавил: Сара Фемина | 24 август, 2019 21:19

“Заев и Спасовски, ако не се зафатени со тужби, да му обрнат внимание на Јовче Ременски да не се глупира”

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Јавното обзнанување на записникот од исказот на бизнисменот Орце Камчев пред обвинителката Вилма Русковска за аферата „Рекет“ е сериозен фаул врз истрагата.

Настрана фактот што само по себе е скандал протекувањето документи од обвинителството чија задача е да ги открива организираниот криминал и високата корупција. За тоа очекуваме жолти и црвени картони во оваа институција. Но, се наложува и потребата од малку посериозна анализа на мотивите за ова обзнанување, особено сега, во периодот кога по притворањето на специјалната обвинителка Катица Јанева, истрагата влегува во нејзината најделикатна фаза.
Патем речено, би сакал да укажам и на фактот дека објавувањето на овој материјал од истрагата и неговата (зло)употреба најверојатно е проблематично од правен аспект, до степен што јавниот интерес сепак нема да може така лесно да ги оправда активностите на новинарите што би значеле попречување и компромитирање на истрагата. Оттаму, без оглед на фактот што интензивно пишувам за аферата „Рекет“ веќе долго време, јас лично не би си дозволил да објавам ваков документ. Тоа, пак, не ја оправдува хистеричната најава на тужби за новинарите, од страна на премиерот Зоран Заев, од министерката Радмила Шеќеринска, од Фросина Ременски и од другите. Оваа канонада со право ќе се протолкува како закана врз слободата на изразување и затоа е подобро веднаш да престане. Доста беше резилење.

Заев и Шеќеринска се политички одговорни за „Рекет“, но засега нема индиции за нивна кривично-правна одговорност

Првата претпоставка за мотивот зошто исказот на Камчев е обелоденет во јавноста се крие во коментарите на медиумите што го сторија тоа. Имено, главната теза е дека исказот на Камчев е директна потврда за вмешаноста на премиерот Зоран Заев и на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска (покрај поситните „риби“ од политичката бара) во скандалот. Не сум сосема сигурен кој ја промовира оваа теза, бидејќи не можам да го видам интересот на опозицијата, на пример, да се обиде на ваков, прилично неубедлив начин, да ги исфрли водечките личности на владејачката партија во преден план.
Не би сакал да се разбереме погрешно, ниту некој да помисли дека им „попувам“ на колегите што се определиле да влезат во една ваква авантура, или на опозиционерите кои можеби мислат дека дошле до крунскиот доказ за вината на Заев и на Шеќеринска. Имено, тезата за нивната „вмешаност“ во скандалот е сосема легитимна. Како што е познато, јас и самиот отворено пишував за нагласената политичка одговорност и на Заев и на Шеќеринска, но и на други личности од врвот на СДСМ, за промоцијата и за политичката поддршка на царството на рекетот на осомничените Бојан Јовановски и Катица Јанева. Но, факт е и тоа дека не најдов цврсти индиции за кривично-правна одговорност на Заев, на Шеќеринска и до сега и на Ременски, во врска со оваа афера. Кога би имал такви уверливи индиции, не би се воздржувал јавно да ги обелоденам. На тоа ме обврзува мојата веќе прочуена „суета“, а немам ни посебна причина да се секирам за нервозата на нашиот хиперсензитивен и кон новинарите нагласено нетрпелив премиер (освен кон своите пулени, се разбира).
Да бидам јасен: секој што внимателно го прочитал објавениот исказ на Камчев, лесно може да заклучи дека ниту наводите на пријавителот, ниту интенцијата на самиот исказ (која може да се толкува, не е забрането), не содржат индиции за кривично-правна одговорност на Заев и на Шеќеринска. Дополнително, во видео и аудио материјалот што го поседува Обвинителството (еден дел видовме и слушнавме сите, со посредство на „Ла Верита“), изгледа дека нема цврсти инидиции кои укажуваат на кривично-правна одговорност на премиерот, на министерката и на други политичари, во делот од аферата за кој пријавува Камчев. При тоа, да не заборавиме дека и ова сведочење што сега го прочитавме, но и многу други искази, новинарски написи и слични гласови што допреа од јавноста до обвинителката Русковска, укажуваат дека истрагата најверојатно ќе биде проширена, како во насока на активностите на невладината организација Меѓународен сојуз, за кои пишував обемно и за кои мислам дека веќе има цврсти материјални докази и искази дека се кршени законите, така и во насока на откривање на други случаи на рекетирање на познати македонски бизнисмени и јавни личности.
Можно е токму најавеното проширување на истрагата во тие насоки да го предизвикале овој обид за дефокусирање и за компромитација на истрагата. Според моите сознанија, не очекувам проширувањето на истрагата во тие насоки да доведе до индиции за кривично-правна одговорност на Заев и на Шеќеринска, но не ја исклучувам можноста да се зголемат причините за утврдување на нивната политичка одговорност, а можно е да се случи други личности од високата политика сепак да мора да се појават пред обвинителката Русковска во својство на осомничени.

„Империја“ чека и мора да чека нова институционална и правна рамка и нови обвинители на местото на корумпираните шајшутки

Би сакал во оваа прилика јавно да го образложам и мојот личен став во врска со исказот на Камчев и во врска со неговиот статус во аферата „Рекет“. Ќе се обидам да бидам максимално прецизен.
Пред сѐ, мора да се прави суштинска разлика меѓу истрагата за аферата „Рекет“ и истрагата за случајот „Империја“. Како што на сите им е познато (барем на тие што се упатени и во правната проблематика), истрагата за „Империја“ е започната после законскиот рок и е водена невешто, неуредно и во компромитирачки околности за кои дознаваме сега, од аферата „Рекет“. Постојат сериозни сомневања дека рокот намерно е промашен, за да се предизвика потреба случајот „Империја“ да се оконча со „договор“, ама не со легален и легитимен договор, туку со изнуда на пари од „империјалистите“, токму од страна на рекетарската група предводена од првосомничениот Бојан Јовановски. Не знам дали е тоа точно, но факт е дека по отворањето на аферата „Рекет“, кејсот „Империја“ е сериозно оштетен. По директна вина на Катица Јанева и на СЈО!
Дали тоа значи дека случајот „Империја“ сега треба да се затвори? Категорично одговарам – не!

Судбината на овој случај, како и на сите други случаи покренати од упропастеното СЈО на Јанева, зависи од преговорите помеѓу водечките политички партии, што се водат со цел да се воспостави цврста правна рамка за натамошно процесуирање на случаите. Тоа подразбира и менаџирање на незаконски отворените истраги (како таа за „Империја“), на прислушуваните разговори во форма на индиции (како што налага законот), на веќе прибраните други докази, но и на другите постапувања со кои хаотичното СЈО на трите недопирливи „грации“ самото ги компромитирало и истрагите и обвиненијата. И меѓународната и домашната јавност очекуваат сатусот на СЈО да се реши согласно со законите и правните процедури, а не според досега преовладувачкиот политички волунтаризам, кој нѐ доведе до ова дереџе сите да ја изгубиме вербата во правдата.
Кога ќе се заврши таа работа, кога ќе се востпостави цврста правна и институционална рамка, но и кога ќе се избере нов состав на идното обвинителско одделение за гонење на висока корупција, јас искрено се надевам дека идните искусни и потковани обвинители, луѓе со професионален и личен интегритет (а не како овие шајшутки што си ги извалкаа сопствените образи и ја убија надежта дека може да има правда и мир), ќе ја истражуваат „Империја“. Во такви околности, не само обвинителите и истражителите, туку и Камчев и другите осомничени, ќе добијат шанса да ја докажуваат својата невиност (која сега е претпоставена, нели), па дури потоа ќе падне одлука дали ќе се покрене обвинение, та ако се покрене, ќе мора да се обезбедат услови за една брза, правична и фер судска постапка, која ќе доведе до одржлива пресуда. Само така може правдата да се истера на виделина, никако поинаку!
Во случајот „Рекет“, пак, имаме обвинителска инситиуција без политички пречки да постапува, имаме двајца пријавители (Камчев и Заев, претпоставувам дека и за исказот на Заев има онаков записник како за исказот на Камчев), а имаме и тројца осомничени и притворени, на кои наскоро, според моите информации, сепак ќе мора да им се придружат уште најмалку двајца од околината на првоосомничениот Јовановски. Постои една тенденција Орце Камчев, кој го пријавува случајот (од исказот се гледа дека тоа го сторил и на други места, не само кај обвинителката Русковска), да се прикаже како лице кое ги поткупило „сиротите“ Боки Тредичи и Катица Јанева, па случајот да се окочна на тоа. Можеби исказот на Камчев е „дисеминиран“ за да ја поткрепи и оваа теза.
Но, после сѐ што слушнавме и видовме со свои уши и очи, после сите оние обиди на Катица Јанева за уништување и прикривање докази, после зголемувањето на основаноста на сомнението дека во случајот има и перење пари, после неофицијалните информации за повеќе бизнисмени кои биле рекетирани, после најавата дека УЈП ќе врши длабинско „снимање“ на финансиските текови во фирмите на осомничениот Јовановски и на личните сметки на луѓе од тие фирми, јасно е дека тезата „не е рекет, поткуп е“ е пропадната шпекулација. Од тие причини, а заради успешно проширување и продлабочување на истрагата, мислам дека обвинителката Русковска ќе мора уште повеќе да ги поттикне и да ги охрабри двајцата пријавители (Камчев и Заев) да соработуваат со правдата, а богами да поттикне и да охрабри и некои други луѓе кои сѐ уште се фемкаат дали да дадат искази дека биле мета на рекетарската група и дека платиле огромни суми пари.

Заев и Спасовски, ако не се презафатени со пишување тужби, да му обрнат внимание на Јовче Ременски да не се глупира!

Конечно, развојот на настаните упатува и на потребата премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на дело да ја потврдат декларацијата дека извршната власт ќе овозможи правосудните органи непречено да ја водат истрагата, за да се дојде до енергична и целосна разврска на аферата „Рекет“. Сакам да предупредам дека скандалозното поведение на Јовче Ременски, сопругот на Фросина Ременски (која е директно поврзана со невладината организација Меѓународен сојуз), остава впечаток дека некои луѓе од извршната власт вршат сериозен јавен притисок во врска со овој случај, на начин кој не само што е недостоинствен, туку е и неспоив со нивната актуелна позиција.

Што стори Јовче Ременски, кој освен што е сопруг на Фросина Ременски, е и началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија?

На Фејсбук – ало, министре Оливер Спасовски, на Фејсбук! – Јовче најави дека од понеделник ќе имало нови апсења во врска со аферата „Рекет“. Во една порака, тој вели: „Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”. Па веднаш дава дообјаснување: „Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”. Во коментар на една од пораките тој потврдува дека ќе имало и „џандар збира”, што во полицискиот сленг најдиректно значи дека ќе има апсења.
Премиерот Зоран Заев (ако не е презафатен со пишување тужби) и министерот Оливер Спасовски ни должат сериозно објаснување што сакал да каже нивниот прв „антитерорист“ и зошто јавноста треба да го трпи овој безобразен вербален терор од сопругот на Фросина Ременски. И таа ќе тужела, тоа не ѝ е доволно? Во која европска држава е дозволено вакво поведение? Кого ќе апси Јовче во понеделник? Да не нѐ нападнале некакви белосветски терористи, а ние да не знаеме? И секако, клучното прашање – постои ли опасност токму Ременски да е поврзан со протекувањето на документите од офисот на Вилма Русковска? Не тврдам ништо, само прашувам…

Како и да е, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција очекувам да опстои на охрабрувачката изјава дека објавувањето на исказот на Камчев нема да влијае врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница.

„Дотолку повеќе што зад исходот на овој предмет – се вели во соопштението – стои посветеноста и енергијата на севкупното обвинителство решено да го оправда своето име и да и застане на патот на корупцијата“. Е ајде да го видиме и тоа чудо еднаш! Ве држиме за збор и тоа – опасно!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Но, фер е да се каже дека во тие години, на некој начин, водев и „двоен живот“. Во гимназиските денови цел еден четиригодишен мандат бев секретар на младинската организација на општината Карпош.

Героски ја отвори душата: Можев да станам космонаут, ама не сакав

Роден сум во 1962 година во Гостивар, Македонија. Датумот на моето раѓање, 2 февруари,...

Героски, од кого почна пишувањето за Рекет, по консултации со правни експерти бара замрзнување на сите предмети кои ги водело СЈО.

„СЈО ќе остане запаметено како Голи Оток на генералот Капичиќ кого го славеа како Катица пред два месеци„

Да, се согласувам дека нема правда во обвинителствата и судовите но, дочекавме космичка...

Дека во кругот околу премиерот се случува тотален хаос знаеме уште од мај годинава.

Момироски: Зошто за нападите на владините медиумски јуришници врз Героски молчат Роберт Поповски и Ордановски

Слонот во македонската стаклена продавница лоцирана на улицата Илинденска но и на...