Станува збор за полициски службеници, коишто успешно ја завршија претходната селективна обука и се пријавија за работа токму во овие организациони единици на МВР!

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 мај, 2021 5:51

Заев и Спасовски во Лазарополе на завршната вежба на кандидатите за прием во Специјалните единици на МВР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера, во кампот за обука на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во Лазарополе, првиот човек на МВР, Оливер Спасовски, директорот на БЈБ Сашо Тасевски, заменик директорот на БЈБ Ариф Асани заедно со началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски  и командантите на специјалните единици беа домаќини  на завршната вежба на која присуствуваа и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заменик претседателот на Владата за борба против корупцијата, Љупчо Николовски и министрите Венко Филипче и Благој Бочварски.

Со особено задоволство од присутните беше проследена заедничката завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР.

Станува збор за полициски службеници, коишто успешно ја завршија претходната селективна обука и се пријавија за работа токму во овие организациони единици на МВР

За време на вежбата пред присутните високи гости, кандидатите ги демонстрираа нивото на подготвеност, вештините и тактиките кои ги совладале за време обуката, кои ќе може да ги применуваат во секојдневните работни активности во двете елитни единици на Министерството за внатрешни работи.

Во оваа пригода министерот Спасовски на претседателот на Владата, Зоран Заев му додели плакета за соработка и партнерство, а благодарници за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР им додели и на градоначалникот на Општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани и директорот на Националниот парк Маврово, Самир Ајдини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Откако ја поминаа првата бариера поставена од полицијата, дел од лицата се обидоа преку приватни имоти и дворови да стигнат пред зградата на ДУИ.

ХАОС ВО НАЈАВА: Демонстранти во Тетово се судрија со полицијата, бараат оставка од Заев

Во Тетово денеска се одржа протестен марш од кој учесниците побараа одговорност поради...

Заев посочи дека двете земји споделуваат уште една стратегиска цел–пристапувањето во членство во ЕУ!

Заев и Курти: Имаме силна политичка волја да ги засилиме и продлабочиме билатералните односи и соработката во сите области

Претседателите на Владите на Република Македонија и на Косово Зоран Заев и Албин Курти...