Министерот за здравство воедно порача дека дарувањето крв може да спаси живот, само едно ќесе крв може да го подобри здравјето на три до четири пациенти.

Објавил: Стојче Бушин | 1 мај, 2021 20:45

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ДАРУВАА КРВ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ТРУДОТ – 1. МАЈ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска даруваа крв во Службата за трансфузиска медицина во Струмица, по повод 1 Мај – Денот на трудот.

Постапката е многу едноставна, а вработените во Трансфузија се љубезни и пријатни при целиот процес на дарување крв. По дадената согласност, следува здравствена проверка, а потоа во пријатна атмосфера со почитување на сите мерки за заштита од вирусот Ковид-19, ја завршивме оваа многу лесна постапка, напиша Филипче на Фејсбук.

Министерот за здравство воедно порача дека дарувањето крв може да спаси живот, само едно ќесе крв може да го подобри здравјето на три до четири пациенти.

-Бидете хумани, дарувајте крв! Крводарителството е хумана човечка вредност, напиша  Филипче.

Од направени 2.276 тестирања во изминатите 24 часа се регистрирани 214 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се 36 починати, како и 305 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број од новозаболените се во Скопје – 94, по што следат Куманово – 29, Тетово – 19, Прилеп и Виница – по 7, Охрид – 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 5, Штип и Струмица – по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево – по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци – по два, а Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по еден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.

ИЗВЕШТАЈ ИЈЗ ОД 26 АПРИЛ ДО 2 МАЈ – 39,7% НАМАЛЕН БРОЈ НОВИ СЛУЧАИ И ЗА 20,9% НАМАЛЕН БРОЈ ПОЧИНАТИ – ОПАЃА ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до...

Вакцинирањето се одвива непречено и организирано согласно протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.

Започна масовната имунизација во спортската салата „Билјанини Извори“ во Охрид

Денеска официјално стартуваше масовната имунизација во регионалниот центар за вакцинација...

Повремено и локално ќе има нешто позначителна облачност, додека само во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има услови за слаб локален дожд.

ЗА ВЕЛИГДЕН ВИСТИНСКИ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ – ДЕТАЛИ

Денес, како и за време на продолжениот празничен викенд времето во Македонија ќе биде...