Тој истакна дека во текот на денот тој ќе разговара со својата колешка Ана Брнабиќ во врска со постапката, а ќе се остварат и разговори на министрите за здравство на Република Македонија и Република Србија околу деталите на испораката.

Објавил: Перо Милчин | 19 јануари, 2021 6:32

Заев: Како голем чин на солидарност и пријателство Србија ќе ни помогне со итна испорака на 8.000 вакцини „Фајзер“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев соопшти дека најмалку 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“ Република Србија ги понудила за македонските граѓани, а се преговара и за други вакцини.

„Во директна комуникација со српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000  вакцини против КОВИД-19. Тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денов.

Стана збор и за другите вакцини за кои имаат договори, но за кои што треба да ги проверат клаузулите дали тоа можат да го направат. Многу сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до Владата и српскиот народ, да ја пренесам таа благодарност.

Станува збор за сериозен чин на пријателство, кој покажува дека Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има“, информираше премиерот Заев, кој додаде дека претседателот Вучиќ изразил волја вакцините да бидат донација, но ние имаме средства, додаде Заев и ќе ги платиме вакцините по набавна цена.

Тој истакна дека во текот на денот тој ќе разговара со својата колешка Ана Брнабиќ во врска со постапката, а ќе се остварат и разговори на министрите за здравство на Република Македонија и Република Србија околу деталите на испораката.

Во изјавата за медиумите, премиерот Заев уште еднаш информираше дека како што е од претходно познато, продолжуваат активностите за договорот со „Фајзер“ за 800.000 вакцини, кои ќе покријат дози за 400.000 граѓани и продолжуваат преговори и со други земји за обезбедување вакцини, додека не стигнат првите 5.850 дози на вакцини во февруари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Собранието вчера попладне и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратениците усно го побара премиерот Зоран Заев!

Заев: Да ги изгласаме клучните Закони во Собранието и сите да работиме во функција на развој на државата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на денешниот официјален...

- Селата се наоѓаат во зоната за одржливо користење, која е внимателно предложена со цел да овозможи непречено функционирање на луѓето во населените места на целата територија на паркот.

Нашата држава ќе добие прв Национален парк од прогласувањето на независноста

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес–конференција...

„Ред е да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело тоа толку многу најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја падне оваа Влада. Ова е моментот кога ќе им покажеме на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата.

Заев Собранието ѝ изгласа доверба на Владата

Собранието на Република Македонија вчера изгласа доверба за Владата со мнозинство...