Заев побара од судскиот совет да одговори зошто до сега десетици предмети се чувале во фиока, и кој влијае врз судството во Македонија?

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 декември, 2019 12:26

Заев : Кој влијае врз судиите, зошто десетици предмети беа ставени во фиока?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во својата објава на Фејсбук премиерот Зоран Заев го повика Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на некои предмети.

Заев побара од судскиот совет да одговори зошто до сега десетици предмети се чувале во фиока, и кој влијае врз судството во Македонија?

Нам ни треба судство кое одлучува, а не судство кое застарува предмети. Кажете ни кој тоа влијае врз судиите, зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?, наведува Заев во објавата.

Нема компромис со криминалот. Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес! Нема шанси! На овој наш пат треба да ја завршиме и борбата за правдата!

Заев во својата објава вели дека не постои судија кој би направил компромис со криминалот. Тие што прават криминал се знае каде им е местото.

Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес! Нема шанси! На овој наш пат треба да ја завршиме и борбата за правдата!, Ќе зборуваме јасно и гласно, зошто правдамора да има во Република Македонија, додава премиерот во објавата на Фејсбук.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев вчера изјави дека контролата на работата на судиите треба да се изврши согласно Уставот на земјата и важечките закони за судови и за Судскиот совет.

Според Здравев, Судскиот совет годинава побарал одговорност од дури 75 судии, за разлика од лани и во 2017 година кога имало десетина барања.

За повиците прочистувањето на правосудните органи да почне токму од Судскиот совет, Здравев вели дека не ги доживува како притисок врз судската власт.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули...