Дали се гледа крај на Македонската криза ? 

Објавил: Македонка Димкин | 16 септември, 2021 8:29

Заев лобирал за Бугарија кај Меркел?

Фото/Текст извор: ©магазин

Потребен е „рифреш“ на разнишаната македонска европерспектива, но дали има кој да го изведе во конкретните услови со бугарската блокада која ја заглави и Албанија, политичката криза во Бугарија и заминувањето на најголемиот поддржувач на Западниот Балкан, германската канцеларка Ангела Меркел?

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вчера замина во Солун на покана на грчкиот заменик-министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис за да разговараат за европската иднина на регионот, а состанокот следува по завчерашната проштална средба на Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан во Тирана, каде што таа им порача дека Берлинскиот процес нема алтернатива и очекува и нејзиниот наследник да го поддржува регионот на патот кон ЕУ.

 Грција на некој начин го иницира ветувањето на ЕУ кон регионот. Овој собир се случува во момент кога тоа ветување најблаго и најдипломатски кажано е разнишано. Многумина од граѓаните, па и владите на Балканот веќе не се уверени дека ЕУ е сериозна и искрена кога зборува за европска перспектива на земјите од Балканот. Затоа ова ќе биде можност да поразговараме на овие теми во Солун, градот каде што е дадено ветувањето кон регионот. Членките на ЕУ што се дел од нашиот регион ќе имаат најголем бенефит ако успее европската приказна – ќе добијат пријатели, предвидливост и сојузници – изјави вчера вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

И ај сега малце да анализираме:

Меркел се прошета на пикник и каде не ако не во Западен Балкан, регионот кој за многу од западните Дипломати служи за обука на своите кадри. Штпо направи Меркел за регионот? Практично ништо, и зошто тогаш сите потрчаа на тој пикник? народот таквите ги вика потрчковци, ајде Заев потрчко слуга, но Вучич?

 Димитров вчера заминал во Солун на покана на грчкиот заменик-министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис за да разговарале за европската иднина на регионот. Внимавајте ЕВРОПСКА ИДНИНА НА РЕГИОНОТ а тие како варвари им кршат таблици на Макеонските туристи и дури и со она ново име што не сакам ни да го споменам? Европска иднина со земји како Грција кои не блокираат 30 години и ни го прават животот пекол? И што е ова ако не уцена? Ии ќе промените име или нема ова нема она. За трагедијата да биде и смешна , во Гција сеуште стојата сообраќајни табли со натпис FYROM

Помеѓу новинарите се шекулира дека лично Заев лобирал кај Меркел која оди во пензија, Бугарскиот јазик да се вметне во Македонскиот устав. Шега ли е оваа шпекулација? Ако не е шега пробен балон ли е за она што не очекува? Кој е Заев да одлучува за Македонскиот Народ? Едно е јасно Продавачот на пиперки од Струмица ја уништи Македонија , додека народот како одговор  на неговата политики тивко и без одпор  се сели од Македонија.

И додека Заев ја пустоши Макеоднија, со лоши патишта, со најголем број на жртви од Ковид, лоши болници и немање на здравствен персонал, со лоша економија и невлегување во Европската унија, со лаги *не се знае колку ги има ( Груевски си отворил фирма во Будимпешта и понекогаш се јавува со совети на Фејбук во главном се брани сам себе). 

Имали ВИНОВНИЦИ или како што велиме народски кој е крив? 

Ми се чини дека „Виновници„ за оваа несреќа која што ја снајде Македнија се токму  Заев и Ахмети, но и во некоја рака и Груевски, но ете нема кој да ги казни, Обвинителите се поткупени, Судиите истрошени и уплашени а она малку од народ што остана се исели. Опозицијата се јавува понекогаш на фејсбук  со соопштенија од пред нивните штабови во главном вака требало онака требало но  од авион се гледа дека и едните и другите работат како подмачкани под притисок на Американците. Едните што се на власт ги извршуваат наредбите и работат во интерес на странците, а другите што се во опозиција живеат во надеж дека еден ден ќе станат премиери , министри и советници. Но бидејќи се блиѓат избори морам да кажам дека и ние сме во некоја рака виновници што сме гласале  за истите. 

Дали се гледа крај на Македонската криза ?  НЕ кризата само што започна а ќе престане токму  тогаш кога ќе се иселат барем уште 20% Македонци. Или чекај малце дали тоа иселување ќе се чека да се случи или тоа веке се случува преку  пописот кој е во тек: 

Марко од Скопје со порака до мене: Се вратив од Битола и пред станот ме чека еден забраден со лаптоп. ме праша дали сум јас Марко , да реков и седнавме ме попиша, абе реков лична карта не треба не бе каква лична карта, се гледа дека ти живееш овде ти си Марко, а девојката тука е , не тука добро ќе ја пошпишам и неа. 

Ова не е шега, ниту пак манипулација, се случило во Неделата во населбата Карпош во Скопје, значи се попишуваат без лична карта, без ништо, без присуство, е сега замислете како се попишуваат во местата каде што живеат Албанци, каде со години не светнало светло во куќите? Не сакам да знам, но намерата е јасна, ако некој со терор а беше терор тоа што Ахемти го направи во 2001 година ја менуваше  етничката карта на Македонија, сега истиот тоа го довршува со пенкало, и тоа пазете со наше пенкало купено од народот. И после ај сега ќе се пишиме зелени, пазете зелени баш тие што не плаќаат струја (во голем дел ) што ја исекоаа цела шума во Западна Македонија, што градат на диво, а локалите се полни со проститутки од регионот, ех токму  тие сега ќе биле ЗЕЛЕНИ?

И сега ајде да се запрашаме  во која тоа држава ќе ги враќаме Македонците како што најавауваат некои политичари во следните 30 години? ( додуша тоа им било цел, легитимна цел) Нели е ова фатаморгана да тврдиш дека ќе си ги врател нашите од странство? Е ова се вика дибидус од реал политика како што тврдат дотичните политичари, ќе ги врателе децата? Ајде мајката со што ќе ги вратиме, со објави на фејсбук или со пеење на химната додека некој ни ја одзема државата? Ова е фата моргана, да точно, ќе се вратат нашинците кога за градоначалници ќе дојдат Менаџери а не Доктори, кога ќе се изградат Болници, кога ќе се усоврши школскиот систем, кога ќе се изгради по некоја фабрика, кога невечер нема да  слушаш дали возат коли по патот бидејќи се вози на струја, кога фабриките за ѓубре ќе произведуваат енергија, кога земјоделците своите производи нема да ги истураат на патот од револт. За воља на вистината јас досега ниту слушнав ниту видов некој политичар што би можел да го направи тоа, а ВИЕ?

Германците велат во мудроста е силата, е ајде да видиме сакам да грешам нека победат помудрите, но македонска поговорка вели, прво за јадење  ќе добие она дете кое најмногу вреска, а кај нас во Македонија ни В од врескање, а мудри досега не видовме, барем не во последните 30 години.

Пишува Васко Белески

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...