
Македонија
Вести
Извештајот на Европската комисија потврди дека Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ, истакна пред малку премиерот Зоран Заев!
Во телефонскиот разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се заблагодарив за пакетот за проширување, за позитивниот извештај на ЕК за нашата земја, како и за Економскиот и инвестициски план за поддршка на процесот за остварување на европските стандарди на државите од Западен Балкан со аспирации за членство во ЕУ, рече Заев!
Како што вели премиерот претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен од своја страна истакнала дека Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Македонија во ЕУ и дека Македонија е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи, за постигнатите договори со Грција и Бугарија, и за лидерството во регионалната соработка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.