
Живот
Интервју
Македонија и Бугарија немаат споделена туку заедничка историја – вели во интервју за БГНЕС премиерот Зоран Заев, пренесува Канал 5!
Наследивме време кое не беше во прилог на пријателството меѓу нас, а Југославија не подели. Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да ја градиме иднината смета македонскиот премиер.
За Заев, Гоце Делчеве е и македонски и бугарски револуционер, а Бугарија не бил фашистичка држава.
Заев во интервјуто се осврнува и на Договорот за добрососедство со Бугарија за кој вели дека ќе биде целосно спроведен и додава дека во иднина ќе биде посочуван како пример од државите во регионот.
За блискоста како што ја нарекува помеѓу двата народи, Заев вели дека најдобар пример е сличноста на јазикот. Ние многу добро се разбираме, а од двете страни на границата, имаме роднини и пријатели кои често ги посетуваме – вели Заев.
Заев додава и дека државата ќе се бори против како што го нарекува, говорот на омраза кон Бугарија и додава дека на тој начин се наштетува на односите меѓу двете држави. Како поттикнувачи на ваквиот говор ги посочи функионерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.