Оваа година го реализиравме нашиот највисок национален стратешки приоритет и една од нашите најважни надворешно-политички цели – станавме полноправна членка на НАТО. Ова го постигнавме врз основа на нашиот суверен избор, со едногласен политички консензус и со силна јавна поддршка.

Објавил: Владо Марин | 9 октомври, 2020 2:24

ЗАЕВ: Македонската иднина е сигурна со сојузници, посебно со пријатели како што е Столтенберг!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска го прослави својот 46 роденден во седиштето на НАТО во друштво на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министрите Радмила Шекеринска и Бујар Османи.

Заев рече дека Македонија ќе продолжи да биде силен промотор на регионална политичка и одбранбена соработка и дијалог.

Посетата на седиштето на НАТО, како моја прва официјална меѓународна посета на почетокот на вториот мандат, ја потврдува нашата посветеност за активно учество и исполнување на обврските што произлегуваат како нова земја-членка на НАТО, вели Заев!

Оваа година го реализиравме нашиот највисок национален стратешки приоритет и една од нашите најважни надворешно-политички цели – станавме полноправна членка на НАТО. Ова го постигнавме врз основа на нашиот суверен избор, со едногласен политички консензус и со силна јавна поддршка.

И покрај пандемијата и последиците од неа, имавме многу топло добредојде како нова членка на НАТО и веднаш бевме сведоци на силната солидарност од нашите сојузници. Сојузниците на НАТО обезбедија помош за нашиот здравствен сектор и за справување со последиците од КОВИД-19. Ние сме многу благодарни за тоа и нашите граѓани сега уште повеќе ги осознаваат пошироките придобивки од нашето членство во НАТО, потенцираше премиерот!

-Добро е што се се сретнав со Зоран Заев, Премиер на најновиот член на нашето семејство во НАТО и сигурен сојузник. Во вакви времиња, важно е да имате пријатели и сојузници. Северна Македонија не стои сама, твитна Јенс Столтенберг, Генералниот секретар на НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести