Вице го тужеше Николовски само затоа што кажал дека има 30 фирми и е економски фактор во државата

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 април, 2019 11:11

Заев: Мојот брат Вице има душа повредена затоа реши да го тужи Николоски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премерот Зоран Заев беше гостин во емисијата „Печат на неделата“ на 1ТВ, каде одговарајќи на новинарско прашање дали знаел дека неговиот брат Вице Заев го тужи Александар Николоски,односно потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ премиерот изјави дека не бил запознаен со таквата одлука на Вице.

Причината за тужбата од Вице за Николоски е тоа што наводно потпретседателот на ВМРО,  во телефонско интервју за една телевизија изјавил дека Вице Заев и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата.

Инаку Вице Заев го тужеше Николовски поради тоа што за една телевизија во телегфонски разговор изјавил дека тој и неговата фамилија имат 30 фирми и дека тој е економски фактор во државата,пишува Лидер.

Премиерот Заев, посочи дека моментално не се гледа и не контактира често со неговиот брат Вице Заев, бидејќи неговите обврски налагаат тој да биде почесто во Скопје.

-Немав поима еве да ви кажам искрено ви зборам. Внатре има обвинувања за криминал, обвинувања за местенки, има обвинувања за влијание врз одредени работи. Чесно зборам секој пат. Има душа повредена и ми објаснува извини бе човек терај си ти по својот пат, терај си во својата политика, немав право во фондот да конкурирам, кога бев во опозиција немав право ништо, сега немам право да работам, извинете ќе тужам, вели Заев.

Инаку на последното рочиште потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски изнесе низа од докази дека тужбата на Вице Заев е неоснована и нецелосна, а по рочиштето изјави:

Вице Заев денеска призна дека е сопственик на повеќе компании. Самиот кажа на две, за после да се демантира дека и на повеќе, ама таму имал околу 20 отсто учество. Потврди и дека тој и неговото семејство се дел од бизнисот со одгледување на медицинска марихуана, потврди дека е дел и од градежниот бизнис и потврди дека неговите компании имаат раст изминативе години што мене ми дало право да заклучам дека е главен бизнис фактор во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангира земјава на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители

СИРОМАШНА, НО ПРИБИРЛИВА: Македонија меѓу рекордерите во фрлање храна

Македонија сиромашна но прибирлива, граѓаните и покрај тоа што се жалат за сиромаштијата...

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.

Проверувајте си ги сметките – парите за скенирање на сметки ги имате на вашата трансакција

На вашите сметки треба да очекувате поврат на 15 осто од ДДВ. Средставата на повратот...

Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Ученици земаа пет медалји на олимпијада во Катар

Македонските ученици Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски,...