Зоран Заев изјави дека случаите на непотизам утврдени од Антиокорупциска ќе им пресудат на некои политичари

Објавил: Узунов Бобан | 15 мај, 2019 15:33

Заев му пресуди на Кирацовски ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Зоран Заев во денешната изјава вели дека случаите на непотизам утврдени од Антикорупциска ќе бидат еден од критериумите за чистката што ја најавува во сите ешалони на власта. Токму Антиокорупциска неодамна утврди дека генералниот секретар на СДСМ и актуелен пратеник во македонскиот парламент Александар Кирацовски влијаел при вработувањето на негови блиски роднини. 

Антикорупциската комисија беше јасна и гласна, тоа потврдува дека имаме систем, а тоа е најголемата вредност. Системот би бил систем ако постапуваме по него. Каде има влијание на одредни функционери и со тоа обесправиле граѓани во рамноправноста или во компетативноста за вработување ќе следува одговорност. Дел од критериумите за промените кои треба да се случат се и укажувањата од Антикорупциска, изјави денеска Зоран Заев. 

Домашниот есап на пазар не излегува” – Стара македонска поговорка!
А зошто?
Затоа што се водиме по шпекулации, рекла-казала муабети, погрешни информации, лаги и измислици (за кои се изнаслушав деновиве).
Сепак, нè чека многу работа, многу промени (пред сè на нашите парадигми).
Ракавите се засукани, другари!- Фејсбук статус на Кирацовски после најавата за метла од страна на премиерот Заев помеѓу двата изборни круга од претседателските избори. Веројатно Кирацовски се нашол за прозван во најавите за чистење со премиерската метла па се решил да ги засука ракавите ?

Според неодамна објавените заклучоци на Антикорупциската комисија, влијание било извршено при вработувањата на сестрата, бабата и дедото на Кирацовски.

Непосредно пред да се објави огласот на кој била вработена Мирјана Јосифовска, сестра на Александар Кирацоски во Централен регистар, оваа институција направила систематизација на работните места и го зголемила бројот на советници за дистрибуција на информатички податоци од два на три, а како услов за вработување било наведено дека се бараат лица со завршен факултет по географија. Сите останатите кандидати кои се пријавиле биле дисквалификувани поради несоодветно образование. Исто така, по вработувањето, Јосифовска била испратена да работи во одделението во Битола каде што и живее.  Поради сето ова, ДКСК ќе побара да се утврди дали директорката на Централен регистер ја злоупотребила службената положба.

Во случајот со вработувањето на таткото на сопругата на Кирацоски во РЕК Битола, од Државната комисија за спречување на корупцијата велат дека директорот на РЕК Битола требало да објави оглас, а не да ангажира лица преку Агенција за привремени вработувања. По реакциите во јавноста, Поповски, дедото, се повлекол од работното место.

Мајката на сопругата на Кирацовски, пак, била вработена во училишниот дом „Мирка Гинова“ во Битола како технички секретар на работно место кое било креирано непосредно пред да биде објавен огласот.

За сите овие случаи, ДКСК ќе бара одговорност од директорката на Централен регистар, како и од директорот на РЕК Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.