Пред најавениот почеток за денешната собраниска Седница за уставни измени, МВР го "почасти" градоначникот на Кавадарци, Јанчев, за својата "верност" кон уставните промени

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 17:25

Заев му се “заблагодари” на Јанчев со кривична

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пред почетокот на гласањето за уставните измени во Собранието, МВР поднесе кривична пријава за фалсификување исправи, против градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, објави МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Г.Ч.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, потоа против Mитко Јанчев (37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против К.Г.(63) нотар од Кавадарци и М.М.(63) од Кавадарци, вработен во МВР на РМ-Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во образоложението од кривичната пријава до актуелниот потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ, гласен поддржувач на уставните измени и Преспанскиот договор, стои:

Во периодот од 16.01.2015 до 01.09.2016 година првопријавениот, вработен во „Кожувчанка” ДОО- Кавадарци, изготвил лажен договор за купопродажба на возило за чистење на снег и посипување со сол „UNIMOG U1400”, во кој истиот бил наведен како купувач, по што ваквиот договор го употребил при постапка заидентификација на патничкото возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.

Второпријавениот, пак, како управител на „Кожувчанка” ДОО и „ЈА-МИ” ДООЕЛ – Кавадарци, и покрај тоа што знаел дека наведеното возило било сопственост на „Кожувчанка” ДОО, со првопријавениот, склучил договор за купопродажба на наведеното возило, во кој како продавач бил наведен првопријавениот, а како купувал било наведено правното лице „ЈА-МИ” ДООЕЛ. Третопријавениот, како нотар, и покрај тоа што не му бил приложен оригинален договор за купопродажба на наведеното возило, ја заверил копијата од лажниот договор за купопродажба изготвен од страна на првопријавениот, по што го заверил и договорот за купопродажба на наведеното возило помеѓу првопријавениот, како продавач и „ЈА-МИ” ДООЕЛ, како купувач.

Четвртопријавениот, каковработен во МВР – Одделение за управни работи – Кавадарци, издал согласност на „ЈА-МИ” ДООЕЛ за регистрација нанаведеното возилото, без да изврши увид во царинската декларација за наведеното возило, во која како увозник и сопственик била наведена фирмата „Кожувчанка” ДОО.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Експерти од областа на безбедноста се едногласни во констатациите дека бегството на Груевски во конкретната ситуација е едноставно невозможно без знаење на Спасовски и Заев

Спасовски и Заев знаеле за Будимпешта

Речиси е едногласен ставот на експертите од областа на безбедноста, дека бегството...

Шефот на македонската дипломатија и државниот секретар, Димитров и Димовски оствариле средба со заменик амбасадорот на Унгарија, кој го поставил "вистинското" прашање

Димитров прими “дипломатско” кроше од Унгарија

По објавата на социјалните мрежи, лично од поранешниот премиер и актуелен пратеник,...

Бегството на Груевски доволна причина Јанева по одобрение на Кривичен суд да активира најмалку стотина барања за изрекување времена мерка притвор за случаите на СЈО

Спасовски и го отвори патот на Јанева за масовно приведување

Изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовси, дека нема вина кај органите...

Во правна држава за која знаеме дека е дотолку повеќе полициска, едноставно е невозможно првото име на "декадното режимско владеење" да не се знае каде е четири дена по ред

Бегството на Груевски, со “амин” на Заев и Спасовски?

Пред три години, во екот на политичката криза во Македонија, во јавноста провејува...