Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска заминаа во Букурешт за да ја поддржат македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал.
Со пласманот на #ЕУРО2020 вие веќе ја испишавте најсветлата страница од историјата на македонскиот фудбал, но јас сум убеден дека деновиве ќе испишете и нови успеси, напиша Заев пред заминувањето за Букурешт.
Навиваме за голови, за победа, но пред сѐ навиваме и за овој досегашен македонски успех. Навиваме за ова ваше и наше време!
Велат дека фудбалот е најважната споредна работа на светот, но вие во нашите очи во моментов сте главната работа на светот, најважната македонска иницијатива.
На фудбалските терени покажете и докажете дека една мултиетничка репрезентација, од мултиетничката Северна Македонија, со право е рамноправен дел од мултиетничка Европа.
Покажете повторно дека и најмалите можат да бидат многу големи, кога веруваат во себе и во заедничкиот успех и кога гордо го носат националниот дрес.
Бидете еден за сите, сите за еден и обојте ја Европа во црвено-жолто. Моето срце и срцата на сите македонски граѓани ќе ни бијат во ритамот на вашата игра.
Нека е со среќа, напиша Заев!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.