Предчувствува ли Премиерот изборен пораз па најавува предвремени парламентарни избори?

Објавил: Сања Кукиќ | 18 март, 2019 14:31

Заев најави предвремени парламентарни избор, но само ако изгуби Пендаровски

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ, но со мала разлика, ако Пендаровски изгуби од Силјановска одиме на предвремени парламентарни избори, вели преемиерот Заев.

Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владеачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот кандидат, Гордана Силјановска Давкова.

Заев ги најави законите за социјална помош и за социјална пензија, но стравува дека за нивно донесување во Собранието ќе треба повеќе време затоа што претстојат претседателските избори, а и можно е шефот на државата Ѓорѓе Иванов да не ги потпише, односно да ги врати на повторно гласање.

-Ако кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори – изјави Заев, според кого СДСМ се уште водела пред ВМРО-ДПМНЕ, но со мала разлика.

Одговарајќи на новинарско прашање за преговорите со опозицијата околу Законот за јавно обвинителство, тој рече дека овие преговори не се пазарења.

-Кој сум јас и кој е Христијан Мицкоски да кажуваме кои обвинители треба да бидат избрани, а кои не, кога во Македонија има Совет на јавни обвинители и таму е изборот на оваа обвинителска власт -одговори Заев.

Премиерот смета дека ако опозицијата реши да не гласа за овој системски закон, кој се носи со двотретинско мнозинство, треба да се продолжи по старо со постоечките закони

Заев денеска во суд сведочеше на рочиште каде се јавува како оштетен поради закани упатени на „Фесјбук“ од 2016 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести