Зоран Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години.

Објавил: Перо Милчин | 3 март, 2021 10:19

Заев најавува ново задолжување од 700 милиони евра, јавниот долг ќе надмине 7 милијарди

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра. Овие пари власта ќе ги позајми пред изборите со што се спрема за нов поткуп.

Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој еден граѓанин со нови 22.000 денари.

Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 милијарди евра од кои скоро 3 милијарди евра се задолжени во последните 4 години.

Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул.

Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема ново 700 милиони евра, ако не само за поткуп пред избори?

Зоран Заев треба да и објасни на македонската јавност каде ги потроши 2 милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година дена, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра.

Зоран Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години.

Одговорност ќе има.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи.

Заев: Не размислувам за оставка

Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села,...

На поднесеното барање за оваа точка да биде ставена на дневен ред, од присутните 108 пратеници на вчерашната седница, само 19 пратеници гласаа ЗА.

Власта и опозицијата сложно го одбија предлогот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците, поднесени уште...