Според Заев најбогатите во државата во ваква кризна ситуација, кога државата оперира со значително намален буџет,  треба да го понесат товарот од економската криза при справувањето со Ковид 19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2020 11:05

Заев: Најбогатите во државата и сите кои профитираа, да го понесат најголемиот товар од економската криза!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во денешното телефонско вклучување на Слободна ТВ, претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека приходите на државата паднале драстично и посочи дека се очекува почетокот на април да бидат меѓу 30-40 отсто, значи ќе фалат околу 60 отсто од приходите.

Граѓаните се дома и не трошат, не работат објектите, транспортот е преполовен, не движиме, не се плаќаат ниту сметки

Според Заев најбогатите во државата во ваква кризна ситуација, кога државата оперира со значително намален буџет,  треба да го понесат товарот од економската криза при справувањето со Ковид 19.

-Приходите на државата паднаа драстично. Се очекува почетокот на април да бидат меѓу 30-40 отсто, значи ќе фалат околу 60 отсто од приходите. Граѓаните се дома и не трошат, не работат објектите, транспортот е преполовен, не движиме, не се плаќаат ниту сметки. Голем дел на производсвените капацитети се затворени или хибернираат, затоа не се плаќа и данок кон државата. И ако за тоа не го подготвиме нашиот народ, тогаш сме голи популисти и само бркаме политички поени. Кратењето мора да се случува од секаде затоа што 60% немање приход, значи недостаток да ги финансираме сите расходи. И да најдеме други пари, пак мора да кратиме од дома. И да се шири гол популизам не е во ред. Големите земји ги земаа парите и сега има се помалку пари и се надевам дека ќе најдеме евтини пари и треба чесно да кажеме дека мора да кратиме. Колку побрзо носиме храбри одлуки за солидарност, толку побрзо ќе излеземе од тешката економска криза, изјави Заев.

Заев се осврна и на неговата изјава дадена пред три дена, во однос на платите во администрациајта. Тој посочи дека била извадена од контекст неговата изјава, а мерките кои ги предложил биле предлог на СДСМ до Владата но тоа не значи дека Владата ќе ги прифати сите.

-Таа треба да ги слушне мерките од сите партии и од експертите. Излегов да соопштам мерки кои значат и мерки за штедење. Владата веќе неколку дена дискутира. Верувам дека нема се да биде прифатено. Ние работевме со многу експерти за да можеме да ги предложиме овие мерки, но Владата е таа која што ќе донесе одлуки. Популистите и оние кои бркаат политички поени ги отфрлаат овие мерки. Но некој треба да води грижа за државата. И ние се бориме на пазарот на гласови, да го заслужиме нивниот глас, но кога доаѓа тешко време некој треба да ги соопшти и тие непопуларни мерки. Жалам што дебатата се насочи кон намалувањето на платите на администрацијата. Главниот пакет беше како да и се помогне на економијата. Самиот пакет мерки се основа на кратењето на непродуктивните трошоци на Владата. Првиот чекор е кратењето на непродуктивните трошења, вториот е заштеда преку огромните трошоци кои одат на плата. Верувам дека ако ваквите солидарни мерки се прифатат, поспремно ќе се справиме со кризата, вели Заев.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од 2001 година има работено кај тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Полициски началници му возвраќаат на директорот на БЈБ: Бараат извинување од Тасевски!

Мешањето на политиката во работењето на Министерството за внатрешни работи во време...

И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.

Мухамед Зекири позитивен на КОВИД-19

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, ја информираше јавноста дека е позитивен...