Најмал стаж меѓу министрите има Насер Нуредени кој ја извршува функцијата министер за животна средина и просторно планирање со само една година работен стаж

Објавил: Македонка Димкин | 22 јануари, 2021 12:47

Заев највисока плата како награда за невлегувањето во ЕУ

Фото/Текст извор: ©собрание

Според списокот на исплатени плати во декември 2020 година кој го објави Владата, најголема плата зема премиерот Зоран Заев (87.813 денари), а веднаш зад него е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со 85.113 денари вкупна нето плата. На третото место според висината на платата се најде министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со 74.273 денари.

Министрите Фатмир Битиќи и Никола Димитров имаат идентична плата од 71.385 денари, министерот за надворешни работи Бујар Османи како и вицепремиерот Артан Груби се со плата од 70.102 денари.

Мила Царовска на позицијата Министер за образование и наука во декември земала вкупна нето плата во износ од 67.537 денари, додека нејзината колешка за култура Ирена Стефоска примила плата од  72.670 денари.

Според листата од Владата со најголем стаж од сите е министерката Шахпаска (28 години), по е Радмила Шекеринска со 24 години стаж, а потоа Стефоска со 23. Премиерот има 22 години работен стаж, додека Царовска има вкупно 7 години стаж што кореспондира со нејзиното министерување во владите на Зоран Заев.

Најмал стаж меѓу министрите има Насер Нуредени кој ја извршува функцијата министер за животна средина и просторно планирање со само една година работен стаж, додека тоа за министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири воопшто не се внесени податоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што објави денеска Телма, Министерството за внатрешни работи немало таква опрема за 24 часовно следење со аудио и видео.

МВР нема опрема за 24 часовен надзор на Мијалков со видео и аудио каков што определи судот

Сашо Мијалков требаше да биде под 24 часовен аудио и видео надзор, така одлучи Кривичен...

„Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам и Да, знам дека ќе поткупувате, уценување, лажете, крадете, притискате, но и тоа овој пат нема да ви помогне…

На Мицкоски му пукна филмот: Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам

Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на...