На средбата, која се совпадна и со пристигнувањето на првите количини од 4.850 дози од одобрените вкупно 119.213 вакцини „Фајзер“, премиерот Заев изрази благодарност за помошта во времињата на решавање на предизвиците што ги наметна пандемијата и го оцени овој гест како голема порака за европската солидарност.

Објавил: Перо Милчин | 5 мај, 2021 10:12

Заев на средбата со Вархеји: Европеизацијата е нашата агенда на патот кон ЕУ, а поддршката со вакцини е голем гест на европската солидарност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера го прими еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, кој во рамките на неговата балканска турнеја организирана по повод испораката на првите вакцини против КОВИД-19 како помош од ЕУ за Западен Балкан, денеска пристигна во Македонија.

На средбата, која се совпадна и со пристигнувањето на првите количини од 4.850 дози од одобрените вкупно 119.213 вакцини „Фајзер“, премиерот Заев изрази благодарност за помошта во времињата на решавање на предизвиците што ги наметна пандемијата и го оцени овој гест како голема порака за европската солидарност.

Претседателот на Владата Заев на средбата информираше за начинот на организација на системот за национална сеопфатна имунизација и за текот на овој процес од кој се очекува до крајот на летото да опфати голем број граѓани при остварување на колективен имунитет на КОВИД-19.

На средбата стана збор и за актуелниот миг на процесот за интеграција на нашата земја во ЕУ, при што премиерот Заев нагласи дека Северна Македонија е подготвена и отворена за изнаоѓање заедничко решение во билатералниот предизвик со Бугарија и изрази очекување ЕУ да помогне со креативни предлози за решенија.

Во насока на исполнување на европските стандарди во процесите кои се во тек, Заев ја истакна посветеноста на институциите, државата и општеството на европските реформи и ги издвои резултатите кои се особено видливи во областа владеење на правото и борба против корупцијата, додека пред очите на јавноста се случуваат неповратни процеси за справување со организираниот криминал.

Премиерот Заев изрази благодарност и за економската помош од 160 милиони евра од ЕУ, кои и беа ставени на располагање на Северна Македонија за спроведување на политиките за справување со социо-економските последици од пандемијата со кои се спасени стотици илјади работни места и се заштитени различни ранливи групи, како придонес од огромно значење во успешното економско заздравување.

ЕУ е нашиот пат, а европеизацијата е нашата агенда“, нагласи премиерот Заев на средбата со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

Еврокомесарот Вархеји од своја страна оцени дека денешниот е голем ден што ја симболизира солидарноста на ЕУ со земјите кандидати за членство од Западен Балкан и истакна дека за Брисел е значајно што оваа поддршка ќе ја засили борбата против пандемијата. Вархеји дополни дека нешто повеќе од 119.000 дози се обезбедени и дека во ЕУ работат на обезбедување дополнителна помош за справување со ковид кризата.

Во однос на интеграцискиот процес на нашата земја за членство во ЕУ, Вархеји потенцираше дека Европската Комисија дава силна поддршка на сите напори за изнаоѓање решение на отворените прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија со цел почеток на преговорите и позитивно ја оцени отвореноста и подготвеноста на Република Македонија за изнаоѓање решение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Премиерот Заев истакна дека Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво.

Стартува реализација на првите 23 проекти за граѓаните од ТАВ програмата, инвестиции во инфраструктура за нови вработувања и економски развој

Ми претставува чест и задоволство што денес ги доделуваме договорите на 23 општини...

На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот.

Започна Северноатлантскиот совет на НАТО: И Македонската влада присутна

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со лидерите на...

Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски, повторувам македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија.

Лагите на СДСМ околу црните листи се последица на рејтингот на Заев кој драматично паѓа поради криминалот и корупцијата

Не ме прашувајте дали сум подготвен да ги бранам националните интереси на државата,...