Уредникот на грчкиот „Катимерини“, Атанасиос Елис разговорот со премиерот Заев го започна со Договорот од Преспа за кој премиерот Заев рече дека три години подоцна апсолутно нема никакво сомневање за резултатите што се постигнати со Договорот од Преспа и за далекусежните придобивки од него за нашата земја.

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 мај, 2021 18:23

Заев на Форумот Делфи во Атина: Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на Економскиот Форум Делфи кој се одржува во Атина дискутираше за придобивките од Договорот од Преспа, соработката со соседна Грција на политички и економски план со фокус на енергетиката, придобивките од влезот во НАТО како и за европската иднина на Македонија.

На сесијата присуствуваа и вицепремиерите Фатмир Битиќи и Никола Димитров како и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Уредникот на грчкиот „Катимерини“, Атанасиос Елис разговорот со премиерот Заев го започна со Договорот од Преспа за кој премиерот Заев рече дека три години подоцна апсолутно нема никакво сомневање за резултатите што се постигнати со Договорот од Преспа и за далекусежните придобивки од него за нашата земја.

„Го решивме прашањето за името на мојата земја, да не одлагаме, да не калкулираме, да му дадеме на регионот нов Балкан, Балкан на 21 век во кој минатото нема да биде пречка за заедничката европска иднина. Со Договорот ја отстранивме последната пречка за нашето членство во НАТО и станавме 30 членка на алијансата. НАТО е безбедност и сигурност, гарантиран мир, слобода и владеење на правото. Горд сум што Северна Македонија постигна договор со Грција и што денес сме членки на НАТО. Потребна е поддршката од Грција и на нашиот европски пат и благодарни сме што ја добиваме“, рече Заев.

Од Економскиот Форум Делфи во Атина, премиерот Заев истакна дека со колегата Мицотакис имаат одлична соработка и порача дека Северна Македонија негува добрососедски односи и настојува секогаш сите отворени прашања да ги решава низ дијалог и во атмосфера која нема да ги продлабочува разликите, туку напротив, ќе ги приближува колку што е можно повеќе.

Во однос на соработката со Бугарија, премиерот Заев очекува дека ќе има решение.

Нашиот регион треба да влезе во ера на соработка за просперитет на сите наши народи. Да се зацврстува економската соработка, инвестициите, да се зајакнува довербата со цел унапредување на трговската соработка“, рече Заев.

Премиерот Заев истакна дека интеграцијата во ЕУ на сите држави од Западен Балкан, како и интензивната регионална соработка поставуваат основа за развој, сигурност и за иднината на регионот.

Продлабочувањето на економската интеграција и соработка помеѓу државите од Западен Балкан преку сите постоечки иницијативи е приоритет на сите народи од нашиот регион.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Премиерот Заев на средбата истакна дека тој и владината делегација се во Софија за да се вложат напори за градење доверба и да се направи чекор напред кон решение бидејќи македонскиот и бугарскиот народ се блиски и природно повикани на соработка.

Заев и Борисов од Софија: Нашите народи се многу блиски и упатени на соработка, нема да дозволиме да се развива омраза меѓу младите

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ги започна активностите...

Тој во интервју за српски Курир изјави дека еден премиер на функција треба да остане најмногу до два мандати. Во спротивно, според него, постои ризик премиерот да стане автократ.

Заев најави повлекување од политиката

Премиерот Зоран Заев најавува дека од политиката ќе се повлече за три години, пишува...

Ѓорчев потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во Источна Македонија изгради факултет за да заживее регионот. СДСМ со својата неработа создаде единствено пустош низ земјава.

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ во Источна Македонија за локални избори ќе победи, а мнозинството на СДСМ е прилично слабо и на климави нозе

„Ако има парламентарни избори ние апсолутно сме подготвени. Но, ако мене лично ме прашувате...

Дали Заев со профаќањето на декларацијата на бугарскиот парламент прифатил и дека Гоце Делчев е бугарин, но и неговитр современици од тој период на македонската историја?

Дали Заев ја прифатил бугарската декларација со која се поништува македонскиот јазик, култура и идентитет?

Белосветскиот криминалец Заев да не бега од одговори за тоа дали бугарската декларација...