Ние немаме проблем шефот на новото обвинителство кое ќе гони само висока корупција да биде од опозицијата, но не смееме да дозволиме да ги земат само предметите на СЈО, кои веќе се во процедура и се предаваат на Јавното обвинителство, рече Заев.

Објавил: Валерија Петрова | 11 септември, 2019 12:28

Заев нема да дозволи да се уништат предметите на СЈО

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Седумчасовната лидерска средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицковски не вроди со плод на вчерашните преговори.

Тоа и го потврди и премиерот Зоран Заев кој вели дека е разочаран што не постигнале никаков договор.

Според Заев, лидерската не успеала бидејќи ВМРО ДПМНЕ инсистирале во новото обвинителство кое би гонело висока корупција, да бидат префрлени сите предмети на СЈО, па дури и оние 17 предмети кои се во постапка. За власта, ова било преминување на црвените линии, бидејќи шефот на ова обвинителство ќе биде на предлог на опозицијата, што според Заев, лесно би се амнестирале предметите во кои се гонат поранешните функционери.

Нема да дозволам да се премине црвената линија и да се уништат предметите на СЈО, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев разочаран како поминала лидерската средба

Ние немаме проблем шефот на новото обвинителство кое ќе гони само висока корупција да биде од опозицијата, но не смееме да дозволиме да ги земат само предметите на СЈО, кои веќе се во процедура и се предаваат на Јавното обвинителство, рече Заев.

Истакна дека иднината на обвинителите е веќе обезбедена, односно тие ќе се вратат во своите матични обвинителства, каде претходно работеле. Нема да земаат големи плати, но сепак имаат иднина, додава Заев.

Немавме план Б, рече премиерот, решение има, но овие предмети на СЈО нема да дозволам да лебдат. Блиску бевме до договор, но пуста желба да се има контрола врз тие предмети, не не доведе до договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

КОД открива: Јанева земала плата од 105.000 денари плус таен надоместок, Јовевски 80 илјади денари

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале...

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа, а за Прилеп до сега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

Двојазични табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп – ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ВАЖИ!

Покрај Неготино, двојазичните табли биле поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско...