Премиерот рече дека пописот е предвиден во буџетот, и посочи дека ќе се набават нови уреди за да се спроведе пописот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2020 14:34

Заев: Нема одложување, пописот ќе се спроведе другата година во април

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека нема да има ново одложување на пописот и рече дека тој ќе се одржи наредната година во април.

– Пописот ќе се спроведе 2021 година. И точка. Го одложивме во 2020 година за 2021 по барање на опозицијата уште пред да се појави Ковид-19. Ние како држава спроведовме покомплексни, покомплицирани теренски активности, како што се изборите, пописот можеме да го спроведеме во април. Тој се работи според стандардите и раководството на Евростат. Него го спроведуваат институциите. Кај нас тоа е Државниот завод за статистика, потенцира Заев.

Премиерот рече дека пописот е предвиден во буџетот, и посочи дека ќе се набават нови уреди за да се спроведе пописот.

– Заводот за статистика своите стари компјутери ги подари на образованието. Тие беа употребливи, со целосна функционалност, поради тоа се прави набавка на нови уреди, кои треба да бидат составен дел од спроведувањето на пописот и целокупната дигитализација на податоците, кои им се многу важни на сите институции, истакна Заев.

За пописот во април 2021 година Државниот завод за статистика најави дека ќе се прави набавки на 5650 лаптоп компјутери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.

Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека потфрлил, откако вчерашните...

Тие велат дека со години градот не им ги дава тешко заработените пари и дека веќе немаат друг избор освен, повторно да се обидат преку суд да го добијат тоа што им следува.

Пожарникарите на протест за плата – „Не ги држиме со сила на работа“, вели Шилегов

Скопските пожарникари иако пред осумнаесет месеци добиле судска пресуда со која им...