Заев стана и обвинител и судија, заборавајќи дека во 2008 година требаше да оди затвор за случајот "Глобал" за проневера на 8 милиони евра, за кои го аболицираше Црвенковски

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 14:41

Заев не го “дава” Османи, покорисен е “уценет”, заборавил на “Глобал”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Зоран Заев нема да бара оставка од вицепремиерот Бујар Османи, кого вчера го осомничи СЈО во истрагата “Пациент” бидејќи против него немало правосилна пресуда.

Заев, против кого се уште има обвинение за примање “Поткуп” и за што нема правосилна пресуда дека не е виновен, вчера се појави заедно со Османи во Куманово, давајќи му заштита.

Мојот став отсекогаш бил ист и продолжува да биде ист. Никој не е виновен додека со правосилна пресуда тоа не му се докаже. Ова е само истрага. Ќе сакам да ги знам деталите, ќе го следам внимателно процесот и навремено ќе преземам мои активности ако нешто е поврзано со дигнитетот на Владата. – истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашавања во врска со новите истраги на СЈО во кои меѓу осомничените во случајот “Пациент” се најде и вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи.

Заев одговараше и за тоа дали е вистина дека случаите на СЈО се толкуваат како притисок врз пратениците.

Македонија е во еден специфичен период и сето она што се случува може и вака и онака да се толкува. Знам дека системот мора паралелно да фукнционира и работи. Не сум информиран ниту ги знам деталите за истрагите. Прочитав само од медиумите дека тоа се случува, не гледам никаква поврзаност во тоа што се случува во Собранието, затоа дебатата е транспарентна, јавна, јавно ќе се носат одлуките насекаде и верувам дека секоја институција паралелно со политичките одлуки кои се носат во државата, си носат одлуки, системот функционира и работи. – рече Заев.

Бујар Османи е дел од шесте нови истраги што ги објави СЈО, а се однесува на периодот кога бил министер за здравство во владата на ВМРО – ДПМНЕ.

Заев очигледно заборави дека и тој (ќе) беше осуден и тоа за проневера на 8 милиони евра. 

Имено на 17 јули 2008 година, поради можност за злоупотреба на службената положба во врска со изградбата на трговскиот центар “Глобал”, Заев бил уапсен заедно со уште петмина негови “соработници”.

Случајот се завршил по аболицијата потпишана од страна на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, со кое Зоран Заев и неговите соработници биле пуштени на слобода.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ванковска важи за гласен критичар на сите владини политики без разлика на партиската припадност, но очигледно актуелната се обиде да ја замочи, барем на социјалните мрежи

Блокиран ФБ профилот на проф. Ванковска

Професорката Билјана Ванковска, гласен критичар на политиките на сите влади, се соочи...

Тодоров смета дека со ВМРО - ДПМНЕ владее структура на УДБА, иста онаа која го постави за министер, Јанчев пак смета дека требало да го пофалат а не да го споредат со Мијалков

Тодоров го исклучила УДБА, Јанчев е само навреден, очекувал пофалби

По синоќешните одлуки на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ за исклучување на партиски функционери...

СЈО и Кривичен, негираат дека Мијалков доставил барање за враќање на македонската патна исправа, но не коментираат за поседувањето важечка од Република Чешка

СЈО и Кривичен со изјави дека не е вратен пасошот на Мијалков, чешкиот не е ни одземен?

По информацијата од партиски извори дека вчера пред ЦК на ВМРО – ДПМНЕ на барање...

Руското МНР посочи дека уцените и заканите врз осум пратеници од опозицијата не може да се наречат манифестирање на демократските вредности при гласање уставни измени

Руското МНР со обвинувања дека осумте пратеници биле уценувани

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД организирале „нефер гласање“...