Сега течат роковите за приговори, а конечните резултати за 80 општини и Град Скопје ќе бидат објавени по завршување на постапката за приговори.

Објавил: Перо Милчин | 19 октомври, 2021 7:37

Заев не може да прифати дека изгуби, па сега Мицкоски му е крив

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот сака да види подобри резултати, но отспротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас“.

Ова го напиша премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на неговата страница на Фејсбук.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалници во првиот круг на локалните избори, коалицијата на СДСМ 9, а ДУИ тројца градоначалници, покажуваат првичните резултати што вечерва ги соопшти претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Сега течат роковите за приговори, а конечните резултати за 80 општини и Град Скопје ќе бидат објавени по завршување на постапката за приговори.

Првиот круг од локалните избори во општините Центар Жупа и Маврово Ростуше ќе се повтори, затоа што не излегле потребните 33 отсто од регистрираните избирачи.

ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници во Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градско, Ѓорче Петров, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и во Штип.

Кандидатите на СДСМ се избрани во Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево и во Струмица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Сулејмани кажал дека прво се слушнал удар во банкината, па потоа експлозија, најверојатно од гумата, по што пожарот започнал брзо да се шири од предниот дел. И покрај тоа што бил повреден, тој им помагал и на неколкумина други патници што побрзо да излезат од опожарениот автобус.

Очевидци за последните минути од несреќата – како се спасија седум патници од автобусот

Во тек е истрагата за несреќата во која загинаа 45 патници, а седум лица се повредени...