Заев не прифаќа дуел со Мицкоски на АлфаТв!

Објавил: Стојче Бушин | 6 март, 2020 7:07

Заев: Не прифаќам дуел на Алфа, ќе видите зошто, Финансовата полиција има истрага против вас!

Фото/Текст извор: ©Алфа тв

Не ја прифаќаме на Алфа телевизија, порача вчера Заев на прес конференција.

Кулминираат нападите од страна на СДСМ кон Алфа. Поранешниот премиер Зоран Заев не прифаќа да дојде на дуел со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во Алфа телевизија.

Посебна причина за ваквата одлука не даде, само со заканувачки тон порача ќе сме виделе зошто. Поканата на нашата телевизија не беше најдобро прифатена ниту од партиското членство, кое беше присутно на прес конференцијата на лидерот на СДСМ.

Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто. Јас сум слободољубец, јас сум човек кој верува во вредности, но и сум човек кој го слуша народот, веројатно има причина што вака реагираат. Не знам зошто, проверете зошто. Еве луѓето викаат не, јас не ја прифаќам поканата, изјави Заев.

Заев порача и дека не му се допаѓала уредувачката политика на Алфа, дури и спомена некаква истрага против нашиот медиум, за кои барем ние засега немаме никаква информација. Запрашан за каква истрага станува збор, се поправи дека не станувало збор за истрага, вели мислел на контрола од Финансовата полиција.

Беше споменато при едно интервју од Финансова полиција дека имало контрола, не знам дали има истрага, дали има предистрага или слично, дека имало контрола порано, изјави Заев.

Алфа го контактираше директорот на Финансовата полиција, Арафат Муареми, но тој ни порача за повеќе детали да сме почекале до утре, бидејќи службите денеска не биле Во можност да одговорат.

За нападите кон медиуми кои што се критички настроени кон работата на власта, реагираше и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој за ваквите потези на Заев и СДСМ, го известил и претседателот на Националниот совет на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка.

Знаете вчера ваш колега беше осуден, не верувам дека тоа е европско однесување. Се осудуваат  новинари коишто се критичари на власта, се напаѓаат медиумите кои што се исто така критичари на власта. Практично имаме една ситуација која личи на се, но не на држава која сака да биде дел од ЕУ, изјави Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година”.

Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со Македонија до 31 јули

Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски,...

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети

Виз Ер ги суспендираше летовите помеѓу Италија и Република Македонија

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави дека како резултат на рестрикциите...

Таа формација може да изгледа како флуидна и предизборна, но како и да е комоцијата со која ДУИ владееше сега ќе ја нема, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил и додаде дека несомнено е дека Заев ќе ја составува владата, без условот на ДУИ -Албанец премиер.

Ѓунер Исмаил: Заев ќе формира Влада, без условот за Албанец премиер (ВИДЕО)

Јасно е дека СДСМ продолжува понатака со свесно платена скапа цена за тоа што мораше...

Но она што можеше да се забележи на веб страната во текот на изборната вечер, беше  фотографијата со пораката на „Анонимуси“ по хакирањето на агрегаторот.

Се огласија хакерите кои го нападнаа сајтот на ДИК: Ова е пораката која ја испратија!

По синоќешниот хакерски напад на веб- страната на Државната изборна комисија сајтот...