За Заев е сосема нормално по корекција на историските факти, да се именуваат само германски фашисти но не и нациите кои беа со Хитлер, како бугарски и грчки нацисти

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 8:38

Заев не смее да каже чии фашисти убивале во Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Имплементирањето на членот од Договорот со Бугарија за ревизија на историските факти, оваа година го понижија 11-ти Октомври, Денот на народното востание.

Имено политиките на корекции на историските факти започнаа и со јавни најави од сегашниот премиер а некогашен градоначалник на општина Струмица.

Во Струмица имаше спомен плоча на која пишуваше: “Тука загина еден наш јунак од бугарски фашистички куршум“. Тоа е избиршано, и е напишано од “фашистички куршум”. На пример уште многу години пред да биде договорот и тоа во Струмица, додека бев јас градоначалник. – изјави Зоран Заев, за бугарска телевизија на 17 ноември 2017 година.

Ако бришењето е започнато, што одбележува Македонија на 11-ти Октовмри?!

11 октомври има двојно значење, прво за сенародната македонска борба против фашистичкиот окупатор, и второ успешноста на борбата која заврши со формирање на демократска федерална Македонија на 2 август во 1944 година. – вели историчарката Виолета Ачковска.

Македонската битка против фашизмот е впишана во европската историја, со сите земји кои во еден момент биле под директивата на Хитлер. Тоа не може да се избрише, исто како што не можат да се избришат оние кои не сакале да бидат во фашистичките редови.

Политиката е минлива работа, историјата се факти, таа останува. Исто како што е неменлив и духот на македонскиот народ, кој и на тој 11 октомври, а и денес, покажува дека сака слободна и самостојна Македонска држава. – додава Ачковска.

Споменикот за кој зборува премиерот е на народниот херој Благој Јанков – Мучето, кој на 14 јули 1944 година е предаден од домашни предавници, а потоа убиен од бугарската фашистичка полиција во центарот на Струмица.

Откако Заев индиректно призна дека под негова директива е оштетен односно буквално иструган од спомен плочата зборот “бугарски” во описот на куршумот што го убил Мучето, побараno e одговор од јавното обвинителство дали е поведена постапка на што сеуште нема одговор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.