
Вести
Избори 2020
Денеска во Струмица го остварив своето гласачко право, како придонес кон големата граѓанска одлука.Очекувам дека граѓаните преку својот глас дадоа правец за следните четири години, да продолжиме напред, по правиот, вистинскиот пат, објави претседателот на СДСМ,Зоран Заев.

Од денешната одлука на граѓаните зависи кој ќе води грижа за здравјето на граѓаните, кој ќе ги отвора и затвора поглавјата со ЕУ, кој ќе се грижи за економскиот раст и развој на сите граѓани во Република Северна Македонија.
Државните институции покажаа капацитет да организираат вака специфични избори со почитување на сите здравствени протоколи.
Тој истакна дека иако овие избори се поразлични од другите, сепак не се и помалку важни и изрази верување дека денешниот ден ќе донесе заеднички успех на сите во државата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.