Употребувајќи го зборот „листи„ Заев потврди дека нема една отворена листа, уште еден трик за лажна демократија?

Објавил: Македонка Димкин | 17 ноември, 2019 19:01

Заев овој пат ќе ги користи жените како маркетинг трик за победа?

Фото/Текст извор: ©ТВ24 / магазин

На следните избори одиме со целосна еднаквост – на листите 50 проценти од кандидатите ќе бидат жени – најави денеска претседателот на социјалдемократите на Македонија Зоран Заев известува ТВ24

Во своето обраќање пред Форумот на жени на СДСМ насовен „20 години чекориме на патот на еднаквоста“ – премиерот истакна дека е потребно целосно спроведување на Инстанбулската конвенција, и тоа не само во рамките на неговоата партија, туку многу пошироко. Според првиот човек на социјалдемократите, иако е потребна уште работа, вели досега успејале да ја исправат неправдата со платите, а дале и неповратни средства за почнување бизнис на жени од рурални средини.

„Ние сме предводници и на концептот 50-50 на застапници на жените во политиката, не како бројка, туку како суштина, како квалитет. И кога, ако не денеска, да кажам дека ме имате на ваша страна. На следните изборни листи СДСМ ќе има 50-50, целосна еднаквост“. – изјави Заев.

Македонија во НАТО влегува со жена министерка за одбрана – ова е пораката која денеска ја испрати потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Пред присутните истакна промените бараа заедничка храброст, покажавме храброст затоа беше можен и државниот успех.

„Токму оваа Влада и ова Собрание ја изгласаа истанбулската конвенција, и го вратија правото на жените да одлучуваат за своето тело и своето здравје. Токму во овој мандат, кога жена ја води одбраната, влегуваме во НАТО.“ – изјави Шекеринска.

За патот на Македонија кон НАТО – се говореше и вчера, на трибината на социјалдемократите во Велес. Премиерот истакна дека Шпанија во скоро време ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, а тоа му било потврдено како што рече и во телефонски разговор со шпанскиот премиер. Уште Шпанија и Франција- се двете земји кои останаа да го ратификуваат Протоколот.

Според најавите кон крајот на овој или почетокот на исниот месец Франција треба да го заврши процесот. Полноправното членство на земјава во НАТО ќе треба да се случи некаде кон февруари идната година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

И вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска го повтори ставот дека мислењето на Венецијанската комисија ќе се почитува. Таа вели дека ќе го почекаат официјалниот извештај на Комисијата, ќе го анализираат мислењето, па ќе излезат со заеднички став.

Насилно донесениот закон , и покрај препораката на Венецијанската комисија Заев нема да го менува

Како што соопшти премиерот во заминување Зоран Заев, Законот за употреба на јазици...

Новак Ѓоковиќ ја изнесе својата понежна страна, тој проговори за родителството, односот со децата и колку тешко нему, но и на нив им паѓа товарот на неговата работа.

И Ѓоковиќ страда, ова не може да го совлада: Ме боли кога Стефан ќе ме праша тоа!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ раскажа детали од приватниот живот и признава...

Одлуката за помилување на триесетгодишната Ивана Јангеловска Манасиева денеска била објавена во Службен весник.

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВО ШОК: Пендаровски скрати затворска казна на мајка-монструм – еве од кои причини!

Цела македонската јавност е во шок од одлуката на актуелниот претседател на земјава....

Курир побара дополнителни информации и детали за целиот случај од Министерството за внатрешни работи од каде велат дека не се работи за обид за киднапирање туку  се работи за лица кои вознемирувале граѓани.

Нови детали од МВР за случајот со обидот за грабнување на 7-годишната ќерка на пратеник

Настан според кој непознати лица се обиделе да ја грабнат 7 годишната ќерка на пратеник...