Тој рече дека приоритет им се заложбите за држава без кал, со здрава животна средина и чист воздух.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 октомври, 2021 6:36

Заев: Мицкоски ветува нова иднина, а заглавен е во минатото

Фото/Текст извор: ©магазин

Заев вчера вечер пред тетовчани вети дека Попова Шапка ќе стане најмодерната скијачка дестинација по сите европски стандарди и најави дека тоа ќе го изработи голема европска компанија за скијачки центри!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од предизборната трибина во Тетово рече дека опозицијата ветува нова иднина, а постојано се во рововите на минатото.

Тој рече дека кај ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема ништо ново освен лажни вести, лицемерие, деструкции и обиди да се врати режимот за да глумат локални шерифи.

„За пусти пари и власт влегоа дури и во брак со Алијанса за Албанците. Во ноември гледајте развод на бракот… Народот не пие нафта, народот живее на оваа територија и знае. Вмровците нема да гласаат за Алијанса, ниту пак Алијанса ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ. ‘Чиста Македонија’ и ‘Македонци варвари’ не одат заедно. Затоа ќе останат во опозиција и заробени во минатото“, рече Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Тетово.

Тој рече дека приоритет им се заложбите за држава без кал, со здрава животна средина и чист воздух.

„Градиме современа инфраструктура во секоја општина, секој град и секое село. Ќе продолжат инвестициите во атмосферската канализација, како и реконструкциите на улиците во опшните, велосипедските патеки и поддршката за инфраструкурата за развој на алтернативниот туризам“, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

„Од тој момент оценувам дека дотичниот пратеник не е член и заменик на Движењето БЕСА, согласно одлуката што ја донесов како претседател на оваа партија и ваквата состојба ќе остане сѐ додека остануваат аргументите и факторите – дека на дотичниот пратеник му е забрането и спречено да гласа согласно потписот што го дал“, рече Касами

Кастриот Реџепи отстранет од БЕСА

Лидерот на Движењето БЕСА, сега и градоначалник на Тетово, Билал Касами, вели дека пратеникот...

Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека комуницираат со сите партии од опозицискиот блок, со исклучок на Левица - децидни се дека нема ни да стапат во контакт со партијата на Апасиев.

ГРУБИ: ЗА МНОЗИНСТВО СЕ ПРЕГОВАРА СО СИТЕ, ОСВЕН СО ЛЕВИЦА

Владејачките коалиционери, оптимисти – ќе го шират владејачкото мнозинство. Ширум...

Нејзиниот сопартиец и колега во Собранието, Александар Николоски, денеска соопшти дека прашањето за доверба во Владата е доставено до Собранието, со 61 потпис.

Ќе гласаат ли и пратеници во скафандри за недоверба на Владата?

Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија, според информации на 360, е во изолација од петокот,...