За потсетување, понеколку часа од распитот во Кривичниот суд осомничената пратеничка Фросина Ременски изјави дека не чувстува вина за проширената истрага за Рекет во која таа е осомничена дека со својот авторитет оставила впечаток дека зад проектите на Меѓународен сојуз стои извршната власт.

Објавил: Валерија Петрова | 10 октомври, 2019 19:28

Заев: Очекувам да се докаже невиноста на Ременски

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Лично верувам во невиноста и презумцијата на невиност и час поскоро ќе очекувам да се докаже таа невиност, за секако да може Фросина Ременски повторно да се врати во органите и телата на партијата, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со неговиот колега Марјан Шарец.

Премиерот најави дека партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање на Ременски од централниот и извршниот одбор.

– Драго ми е што на сите можни начини и форми се докажува владеењето на правото, независноста на правосудството, но секако Уставот наш исто така ја гарантира презумцијата на невиност. Тоа што го кажав уште кога се отвори овој случај, вчера го повторив, денеска повторно ќе го кажам, партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање од централниот одбор и извршниот одбор. Тоа е принципиелен став. Ние изградивме декларативни ставови, ги имаме вградено во органите и телата на партијата.

На пратеничка Фросина Ременски осомничена во „Рекет“ и е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд.

За потсетување, понеколку часа од распитот во Кривичниот суд осомничената пратеничка Фросина Ременски изјави дека не чувстува вина за проширената истрага за Рекет во која таа е осомничена дека со својот авторитет оставила впечаток дека зад проектите на Меѓународен сојуз стои извршната власт.

По распитот таа изјави дека ќе соработува со обвинителството за целосно расчистување на случајот но дека нема намера да поднесе оставка од функциите се додека не се докаже нејзината вина.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за Ременски бара мерки на претпазливост, дали ова барање ќе биде прифатено Кривичниот суд ќе информира во текот на денот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Семејството немало доволно финансии за да може да обезбеди итна операција на срцето која била неопходна, па Бидејќи времето истекувало многу брзо,  самиот татко решил да го подари своето срце на неговиот сакан син.

ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО: Последните зборови на татко кој срцето го подари на својот син

Колку е голема љубовта на родителите за своите деца доказ е овој татко кој решил да...

Претходно дел од сопствениците на угостителските објекти во овој дел на градот самостојно ги отстранија платформтите од езерото.

После Куба Либре дојде ред на Ликвид: Се руши платформата пред „Ликвид“ во Охрид!

Вчера со отстранување на платформата пред кафе барот „Ликвид“ во стариот дел на градот...