Просечната плата пред економската криза предизвикана од пандемијата, достигна над 27.000 денари.

Објавил: Стојче Бушин | 7 јуни, 2020 11:03

ЗАЕВ: Платите во нашата држава значително пораснаа- ги зголемивме платите повеќе од ВМРО-ДПМНЕ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Платите во нашата држава значително пораснаа. Минималната плата ја покачивме за 5.500 денари, односно од 9.000 денари пред да дојдеме на власт, сега таа изнесува 14.500 денари, пишува на социјалните мрежи лидерот на СДСМ, Зоран Заев!

Просечната плата пред економската криза предизвикана од пандемијата, достигна над 27.000 денари.

Владата предводена од СДСМ значително повеќе ги зголемува нето платите од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за пократко време!

Третиот пакет економски мерки нуди поддршка за македонското стопанство. За развој и зачувување на работните места, вели Заев!

Новиот сет мерки на Владата предводена од СДСМ, во вредност од 355 милиони евра опфаќа 730 000 корисници и ќе стимулира зголемување на ликвидноста, заштита, промоција и раст на домашната економска понуда, а нуди и поддршка и за земјоделците, како и поддршка на домашниот туризам.

Дел од третиот пакет економски мерки се платежните картички кои значително ќе им помогнат на граѓаните во услови на криза и ќе ја зајакнат продажбата на домашните производи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Очекуваме да се формира наскоро нова Влада и на тој начин да се донесе и четврт пакет за поддршка и на граѓаните и на стопанството, рече вицепремиерката Царовска.

Царовска: Се преговара за нов пакет економски мерки

-Се преговара со бизнис секторот за нов пакет економски мерки за стопанството, но во...

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата!

Комерцијална банка: Исплатата на јулските пензии започнува на 28.07.2020 година

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за јули од вторник,...

Заклучно до 23 јуни веќе 60.000 картички беа во оптек и веќе се плаќа со платежните картички во маркетите, во продавниците, во угостителските објекти. Значи околу 11 милиони евра веќе беа на сметките на граѓаните до 23 јуни.

Ангеловска: Вкупниот износ од 28 милиони евра е легнат на сметките на банките

Министерката за финансии Нина Ангеловска во гостувањето во емисијата „Бизнис поенти“...